Те сакам, човеку англиски: I Love You, Man е американски комедијафилм од 2009 год. Филмот најпрвен беше промовиран како претпродукција во 2007, а со снимање започна во март 2008. Филмот премиерата ја доживеа на 20 март 2009 и веднаш ги освои позитивните критики од публиката и од филмските критичари.

„Те сакам, човеку (I Love you, Man)“
Официјален постер
РежисерЏон Хамбург
ПродуцентДоналд де Лин
Џон Хамбург
СценаристЏон Хамбург (сценарио) ; Лари Лин (приказна)
Главни улогиПол Руд
Џејсон Сигел
Рашида Џонс
Жанркомедија
МузикаТеодор Шарипо
ДистрибутерDreamWorks Pictures
Премиера20 март 2009
Времетраење105 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Бруто заработка$$71,440,011

Кратка содржина

уреди

Питер само што се свршил со Зои и му се чини дека работите едноставно не можат да бидат подобро. Таквиот став трае сè додека не сфати дека во неговиот живот не постои никој кој би влегол во конкуренција за негов венчален кум. Тогаш му се обраќа за помош на својот брат и бара совет како да запознае нови пријатели. Советот е многу едноставен т.е дека мора да излезе на што повеќе состаноци. Со мажи, секако. И така Питер тргнува во потрага за „мажот од неговите соништа“, но после неколку катастрофални „состаноци“ се откажува од целата идеја. За да ги тргне мислите од својот проблем, Питер ѝ обраќа повеќе внимание на својата работа.

Тој е трговец на недвижности и на работата го запознава баш она што цело време го бараше. Неговото име е Сидни Фајф и тој е опуштено, симпатично и искрено момче кое на прв поглед му се допаѓа на Питер. После почетното запознавање, двајцата си разменуваат визит карти и се договараат дека ќе се најдат еден ден на пијалак. И така Сидни и Питер одат на “man date“, каде Питер, кој иначе и не е баш склон на алкохолот и забавувањето, поприлично се напива и се обидува да го следи темпото на Сидни. После првото зближување, тие двајца стануваат навистина најдобри пријатели. И баш кога на Питер ќе му се чини дека сè е на свое место, ќе се скара со Сидни и раскинува со Зои.

Глумечка екипа

уреди
Глумци Ликови
Пол Руд Питер Клавен
Џејсон Сигел Сидни Фајф
Рашида Џонс Зои Рис
Хаиме Присли Денис
Џејн Куртин Џојс Клавен
Енди Самберг Роби Клавен

Филмски критики

уреди

Оцената на комедијата од критичарите гласи 80%, додека онаа на публиката е скоро максимална. Иако консензус критиката вели дека ова е едноставен и симпатичен наслов кој максимално ги користи сите свои потенцијали, но и понатаму ги има оние кои не се задоволни од виденото. Меѓу нив спаѓаат Los Angeles Times и Reel Views кои тврдат дека филмот потфрлил и дека единствено што нуди е излижениот хумор и предвидливото сценарио. Секако дека секој има право на свое мислење, но факт е дека негативните коментари овој пат се во помал број.

Надворешни врски

уреди