Тетрода
Тетрода – вид на електронска цевка со четири електроди сместени во стаклен или мтален балон со вакуум. Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода.
Првата решетка, која се наоѓа меѓу катодата и анодата овозможува регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на засилувач или прекинувач. Втората решетка служи за смалување на капацитетот на анода-првата решетка, и со тоа овозможува засилување на сигналите со високи честоти без влез во самоосцилации. [1]
Историја
уредиЗа историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.
Начин на работа и опис
уредиТриодата имала задоволителни одлики за некои намени, но постоеле и недостатоци: релативно мал фактор на засилување и слаба работа на високи честоти (заради релативно големиот капацитет анода-решетка). За да се отстранат овие слабости, произведени се тетроди кај кои е додадена и втора решетка (заштитна решетка, англ. screen grid, ознака G2) во просторот меѓу анодата и првата решетка.
Бидејќи втората решетка била под позитивен напон (но обично заземјена за наизменичен сигнал преку кондензатор), капацитетот анода-прва решетка паднал скоро на нула и овозможено е засилување на сигналот на многу повисоки честоти отколку кај триодата, без влез во самоосцилации. Друга предност на тетродате е многу поголем фактор на засилување заради значително намаленото влијание на анодниот напон на првата решетка. За жал, со воведувањето на втората решетка воведен и еден проблем. Електроните кои со голема брзина удирале во анодата исфрлале од неа секундарни електрони кои често завршувале на втората решетка. Ова ја зголемувало струјата на втората решетка, го смалувало факторот на засилување на тетродата и доведувало до изобличување на сигналот. Во екстремни случаи, ова можело да доведе до топење на втората решетка заради преголемата температура.
За засилување на моќност често е користена варијација на тетродата наречена млазна тетрода (англ. beam tetrode).
Примена
уредиТетродите во електрониката главно се користени за високофреквенциско засилување.
Струјно-напонски одлики
уредиЗа одредување на работната точка на тетродата (исто како и за триодата) се користеле струјно-напонски одлики кои ги обезбедувал произведувачот. Овие одлики ја прикажувале зависноста на анодната струја Ia од напонот на анодата Ua, напонот на првата решетка Ug1 и напонот на втората решетка Ug2.
На графиконот е прикажана одлика за постојан напон од 250 V на втората решетка. Може да се види дека при мали анодни напони доаѓа до заминување на приличен број електрони на втората решетка, па одликата има таканаречена тетродна вдлабнатина. При повисоки анодни напони, ова сè помалку доаѓа до израз бидејќи попозитивната анода сè повеќе ги привлекува секундарните електрони. Сепак, на ова мора да му обрати внимание при поголеми наизменични напони на анодата.
Симбол
уредиСимбол на тетрода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.
-
Симбол на вакуумска тетрода
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill}-. ISBN 978-0-02-800409-9. pp. 299-300
Литература
уреди- Electronic Devices, 6th edition, Thomas L. Floyd, Prentice Hall, ISBN 0-13-028484-X
- Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill, ISBN 0-02-800409-4
Надворешни врски
уреди„Тетрода“ на Ризницата ? |