Хептода — вид на електронска цевка со седум електроди сместени во стаклен или метален балон со вакуум.

Електронска цевка хептода

Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.

Историја

уреди

За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис

уреди

Хептодата е цевка со уште една дополнителна решетка во однос на хексодата (вкупно пет решетки), која најмногу е користена за мешање на високофреквенциски сигнали во меѓуфреквенцискиот степен на радиоприемникот.

Пример за ваква цевка е ЕСН-81 (комбинација од триода и хептода).

Примена

уреди

Хептодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.

Симбол

уреди

Симбол на хептода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.

 
Симбол на вакуумска хептода

Види и

уреди

Литература

уреди
  • Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.

Надворешни врски

уреди