Октода
Октода — вид на електронска цевка со осум електроди сместени во стаклен или метален балон со вакуум.
Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.
Историја
уредиЗа историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.
Начин на работа и опис
уредиОктодата настанала како обид во една цевка да се интегрира и посебен триоден осцилатор, па така се добива цевка со шест решетки. Може да се разгледува и како спој на триода и хексода, каде триодата ја врши улогата на осцилатор, а хексодата има улога на мешалка на меѓуфреквенцискиот сигнал со високофреквенцискиот сигнал од антената или високофреквенцискиот засилувач.
Пример на ваква цевка е октодата АК-2.
Примена
уредиОктодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Радио Техника 2. дио, Д-р Валтер Даудт (Walter Daudt), Техничка књига, Загреб, 1963.
Надворешни врски
уреди„Октода“ на Ризницата ? |