Државен универзитет во Тетово

Државниот универзитет во Тетово (албански: Universiteti Shtetëror i Tetovës) е еден од трите државни универзитети во Република Македонија и се наоѓа во градот Тетово. Основан е на 4 јуни 1994, на основачкото собрание свикано од Културната Заедница на Албанците во Македонија, во својство на основач, додека иницијатор, идеатор и потписник на документите за основање на Универзитетот и за именување на привремените органи на универзитетот беше проф. Абдула Мехмети, претседател на Културната Заедница на Албанците во Македонија. Како државен универзитет останува непризнаен од властите сè до јануари 2004 кога се донесе Законот за основање на Државниот универзитет во Тетово од страна на Собранието на Република Македонија. Прв ректор на Тетовскиот Универзитет беше проф. д-р Фадил Сулејмани, а потоа и проф. р-р Рамиз Абдули, проф. д-р Неџбедин Беадини, проф. д-р Сади Беџети, проф. д-р Агрон Река. Моментален Ректор на универзитетот е проф.д-р Вулнет Амети. Наставата главно се одвива на албански јазик, но исто така и на македонски и други јазици.

Универзитет во Тетово
TetovaUniversity1.gif
Основан4 јуни 1994
РекторВулнет Амети
МестоТетово, Република Македонија
www.unite.edu.mk

Во моментов при универзитотот има 11 факултета:

Надворешни врскиУреди