Теразие (расказ)
„Теразие“ (српски: Теразије) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.
Содржина
уредиЕден октомвриски ден, авторот поминува низ плоштадот Теразие во Белград, влегува во една кафеана каде веќе се наоѓа Добрица и му покажува една книга со толкување на кинеските броеви. Тогаш, тој сфаќа дека зборува на туѓ јазик и дека никој не го разбира. Кога излегува надвор, еден минувач го допира во увото и во него го препознава пријателот Саша Петров. Наеднаш почнува силен дожд и плоштадот е поплавен, а тој ја гледа Оља Ивањицки која бара помош од него. Тој ѝ дава инструкции за да се искачи по скалите нагоре по паркот, но сфаќа дека е сам на плоштадот и дека, всушност, тој слегува надолу по скалите. Затоа, се враќа назад и седнува во кафеаната во хотелот „Москва“. Надвор го здогледува познаникот Васко и го кани да му се придружи. Васко му раскажува за една девојка која била стрелана за време на Втората светска војна, а пред смртта, побарала да биде заведена со туѓо име. Тогаш, авторот сфаќа дека неговиот соговорник не може да биде Васко, кој умрел две години по неговата смрт, а тоа значи дека и тој е некој друг. Гледајќи дека има црна рака, сфаќа дека тој и соговорникот се други луѓе кои живеат со нивните имиња.[1]
Наводи
уреди- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 130-134.