Оља Ивањицки
Оља Ивањицки (Панчево, 10 мај 1931 – Белград, 24 јуни 2009) — српска и југословенска сликарка, вајарка, поет и член на УЛУС (Здружение на ликовни уметници на Србија).
Животопис
уредиОља Ивањицки (вистинско име – Олга) е родена во Панчево, во руска болница. Нејзините родители, таткото, Василиј Васиљенко Ивањицки, и мајката, Вероника Михајловна Пјотровска, биле бегалци од Русија по Октомвриската револуција. Живееле во Крагуевац од каде се преселиле во Белград, каде таа студирала вајарство на Академијата за ликовни уметности. Иако запишала друга насока, сепак од самиот почеток се занимавала со сликарство. Дипломирала во 1957 година, во класата на професорот Сретен Стојановиќ. По завршувањето на магистериумот во 1962 година, таа добила посебно признание и стипендија од Фордовата фондација за студии во САД, а во 1978 година добила можност да учествува во програмата на Фулбрајтова фондација.
Таа била еден од основоположниците на Ниш Арт фондацијата и салонот Музеј Медијале, а во 2007 г. го основала Фондацијата на Оља Ивањицки, со цел да тој го основа Музејот на Оља Ивањицки.
Во 1957 г. таа со група на сликари (Леонид Шејка, Владимир Величковиќ, Љубомир Поповиќ, Миодраг Ѓуриќ) ја основала групата Медијала, која ја претставувале млади сликари, писатели, филозофи, архитекти и композитори. Заедничка цел на сите членови на Медијала била единствената идеја: бескрајна љубов кон уметноста и бескрајно верување во нејзината севкупна моќ.
Таа имала над деведесет самостојни изложби и учествувала на бројни национални и меѓународни групни изложби. Ивањицки како сликарка била под влијание на симболизмот, надреализмот, поп-артот и фантастичната уметност. Во текот на нејзината кариера, таа ја добила Вуковата награда во 1988 г., Седмојулската награда (1988 год.) и Наградата на Кариќ.[1][2][3][4]
Литература
уреди- Вечен услов – поезија, Новости, Белград, 2008 г.
- Painting the Future, Philip Wilson Publishers, London 2009.[5]
Наводи
уреди- ↑ Biography by Olga Ivanjicki Foundation, Посетено на 2017-05-06.
- ↑ Olga Ivanjicki (PDF) by Čitajteo Project, Посетено на 2017-05-06.
- ↑ Kako žive beogradski slikari - Mediala (1964), TV-documentary on YouTube, Посетено на 2017-05-06.
- ↑ Karić Award Laureates 2008 Архивирано на 9 февруари 2017 г., Посетено на 2017-05-21.
- ↑ Olga Ivanjicki in COBISS.SR Архивирано на 15 август 2019 г., Посетено на 2017-05-06.
Надворешни врски
уредиОфицијално мрежно место на Фондацијата на Оља Ивањицки