Теохарис Геројанис

Теохарис Геројанис (на грчки: Θεοχάρης Γερογιάννης) е грчки лекар, музичар, музиколог, општественик, еден од првите организатори на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

'Теохарис Геројанис
Θεοχάρης Γερογιάννης'''
Роден 1858 г.
Леригово, Отоманско Царство
Починал 1910 г.
Атина, Грција
Занимање медицина

Животопис

уреди

Роден е во 1858 година во халкидишкото гратче Леригово, тогаш во Отоманското Царство, Арнеа, Грција[1]. Брата му Георгиос Геројанис бил градоначалник на Леригово од 1896 до 1906 година. По професија Теохарис е лекар. Учел музика од Димитър Златанов Градоборчето и Стаматиос Заркинос во Солун. Започнал да предава европска музика во Атинската филхармонија. Пеел 15 години со успех во Атина и пишувал музички барања[2].

Во 1902 година го основал Централниот македонски силогос во Атина заедно со своите браќа Маврудис и Христодулос[3][4].

Наводи

уреди
  1. Pandektis
  2. Τάκης Καλογερόπουλος, Λεξικό της Ελληνικής μουσικής, εκδόσεις Γιαλλελή, 2001.
  3. Θεοχάρης Γερογιάννης[мртва врска]
  4. „Θεοχάρης Γερογιάννης“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-07-10.