Теодот II Цариградски

Теодот II ЦариградскиВселенски патријарх од 1151 до 1153 година.

Теодот бил опат во манастирот на Воскресението во Цариград. Неговото двегодишно начелствување било незначајно, починал во служба. Тој бил патријарх за време на царот Мануил I.

Писмо од митрополитот Ефески, Горгиј Торник, до митрополитот Атински, Горгиј Бурце, во кое Торник пишува како за малку не бил линчуван од „груба маса на свештенство од Аја Софија“ кога се спротивставил на нивниот план за поекономичен погреб на Теодот. Желбата да му се ускрати целосен државнички погреб можно е да потекнува од сомнежот дека патријархот бил богомил, обвинение поднесено од страна на патријархот Антиошки, Сотир Пантеген, кој ја употребил „црната и исушена рака“ на Теодот како доказ за неговото кривоверство.[1] Јован Кинам забележува само дека Теодот „практикувал аскетски дисциплини.“ [2]

Наводи

уреди
  1. Paul Magdalino. (2002). The Empire of Manuel I Komnenos, 1143-1180, Cambridge University Press, pp.279-283
  2. John Kinnamos. (1976). The Deeds of John and Manuel Comnenus, Columbia University Press, pp.70
Духовни титули
Претходник
Никола IV
Цариградски патријарси
1151–1153
Наследник
Неофит I