Никола IV Цариградски
Никола IV Цариградски — Вселенски патријарх од декември 1147 година до март/април во 1151 година.
Никола е роден околу 1070 година, и најверојатно ја започнал својата кариера учејќи ги евангелијата. Царот Алексиј I Комнин (1081–1118) го назначил за архиепископ Кипарски, но Никола IV се повлекол околу 1110 година. Тој наредните 37 години ги минал во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Космидион, предградие на Цариград (денешен Ејуп).
Тој бил устоличен како Вселенски патријарх во 1147 година, заменувајќи го Козма II, кој бил осуден за богомилство. Неговиот избор сепак предизвикал значаен спор, неговата канонска валидност била оспорена, бидејќи тој доброволно се одрекол од претходната титула. На крајот, Никола IV бил присилен да се повлече како патријарх, и починал во 1152 година.
Напишал голем број на теолошки дела, меѓу кои е a трактатот за Филокве наменет за Алексиј I, живописна одбрана за неговата прва абдикација.
Извори
уреди- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, стр. 1467–1468, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Козма II |
Цариградски патријарх 1147–1151 |
Наследник Теодот II |
Оваа статија поврзана со православен епископ е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |