Темплинско Езеро
Темплинско Езеро (германски: Templiner See) — езеро во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се протега на југ и запад и центарот на градот Потсдам.
Темплинско Езеро | |
---|---|
Темплинско Езеро гледано од север, во преден план железничкиот мост, додека во позадина е полуостровот Хермансвердер. | |
Подрачје | Бранденбург |
Координати | 52°22′3″N 13°1′6″E / 52.36750° СГШ; 13.01833° ИГД |
Главни приливи | Хафел |
Главни истеци | Хафел |
Сливни земји | Германија |
Најг. должина | 5,8 км км |
Најг. ширина | 1,2 км км |
Површина | 5,11 км км2 |
Најг. длабочина | 6 м м |
Надм. височина | 29,4 м м |
Населени места | Потсдам, Капут, Гелтов |
Езерото е долго 5,8 километри, со максимална широчина од 1,2 километри и површина од 5,11 км2. Се наоѓа на надморска височина од 29,4 м и има максимална длабочина од 6 метри.
Пловната река Хафел тече низ езерото, вливајќи се на северната страна во близина на центарот на Потсдам и изливајќи се на јужната страна преку краток канал до Швиловското Езеро помеѓу Капут и Гелтов. Езерото е опслужувано од два ферибота, Кивит кон северниот дел и Капут кон јужниот дел. Пловноста е надгледувана како дел од Долен Хафел.[1][2]
На северниот дел на езерото, полуостровот Хермансвердер навлегува во езерото. На средината, езерото е пресечено од берлинската железница, која поминува преку посебен железнички мост. Бил изграден во 1950-тите со цел да го заобиколи Западен Берлин во текот на поделбата на Германија.
Наводи
уреди- ↑ Шефилд, Бери (1995). Inland Waterways of Germany (англиски). Сент Ив: Imray Laurie Norie & Wilson. стр. 93–100. ISBN 0-85288-283-1.
- ↑ „Main route abbreviations“ (германски). Wasser- und Schifffahrtsverwaltung des Bundes. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 6 февруари 2011.
„Темплинско Езеро“ на Ризницата ? |
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |