Телемах (митологија)

(Пренасочено од Телемах)

Телемах — лик од старогрчката митологија. Тој е син на Одисеј и Пенелопа. Првите четири книги од Одисеја се фокусираат на патувањата на Телемах во потрага по вести за неговиот татко, кој допрва треба да се врати дома од Тројанската војна и традиционално ја добиваат титулата Телемахија[1]. Неговото име значи „да се бориш далеку“[2].

Телемах добива совет од Нестор

Во Одисеја на Хомер, Телемах ги поминува првите четири книги обидувајќи се да стекне сознанија за неговиот татко. Телемах бил оставен во Итака од неговиот татко, кој заминал да учествува во Тројанската војна уште кога бил мал. Аполодор вели дека пред почетокот на Тројанската војна, Одисеј не сакал да учествува во походот и се преправал дека е луд, но тогаш Паламед го зел малиот Телемах од градите на Пенелопа и се заканил дека ќе го убие синот, по кое Одисеј признал дека се преправа дека е луд. Во Одисеја, Телемах е веќе на 12 години, стопанин на домот. Кога благородните луѓе на Итака, сметајќи го Одисеј за мртов, посегнале по раката на неговата мајка, извршувајќи ѕверства во неговиот дом и трошејќи го својот наследен имот, Телемах цело време се прашувал како да ги сопре. Тој добил совет од божицата Атена да отиде кај Нестор во Пилос и Менелај во Спарта за да добие информации за неговиот татко. Тој бил придружуван на ова патување од самата божица, која го зела ликот на Ментор, кој бил стар пријател на неговиот татко. На патот, таа го чувала од заседите што кои биле организирани за да го убијат на Телемах. Од Менелај, Телемах дознал дека неколку години порано неговиот татко бил заробеник на нимфата Калипсо. Во Спарта, Телемах научил за предвидувањата на Протеј за враќањето на неговиот татко. Кога се вратил дома, Телемах го запознал својот преобразен во старец татко, кај одгледувачот на свињи Евмеј. Одисеј му се открил, а Телемах му помогнал да ги убие кандидатите за раката на неговата мајка. Според Аристотел, Телемах после тоа се оженил со Поликаста, ќерка на Нестор, со која имал син по име Персеполис или Птолипортис. Според други митови, тој се оженил со Кирка и имал син, Латин.

Наводи

уреди
  1. The Odyssey. George Herbert Palmer, 1921, prose.
  2. Brann, p. 277.