Телеканал А1
Телеканал А1 — македонска регионална ТВ куќа основана во декември 2014 година со седиште во Струмица.
Телеканал А1 | |
---|---|
Отпочната | 2014 |
Сопственик | „Емперијан визион“ ДООЕЛ - Скопје |
Држава | Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | југоисточна Македонија |
„Телеканал А1“ се емитува на честотата на поранешната валандовска телевизија „ВТВ“ откако во мај 2013 година поранешниот сопственик и актуелен директор Димче Балески ја продал на фирмата Емперијан визион ДООЕЛ од Скопје. Со продажбата, телевизијата стекнала регионална концесија и го поеселила своето седиште од Валандово во Струмица, а во јавноста се јавија контроверзи околу користењето на брендот „А1 телевизија“ на згаснатата прва приватна национална телевизија во Македонија во сопственост на Велија Рамковски.