Тег (реквизит)
Тег — спортски реквизит за изведување физички вежби насочени кон развој на мускулите, зајакнување на зглобовите и целосна работоспособност на телото. Тегот се состои од шипка (најчесто метална), на чии два краја има тркала со определена тежина.[1][2]
Во Стара Грција, за вежби се користеле реквизитите наречени халтери (грчки: ἁλτῆρες), кои биле претходници на теговите.[3][4] Се користеле и во скок во далечина.[5] Денес, теговите се основен дел во вежбалниците, фитнес-центрите и домашното вежбање. Тие нудат удобен и ефикасен начин да се вклучите во тренинзи со отпор, без разлика дали за градење мускули, зацврстување или целосно подобрување на кондицијата.
Наводи
уреди- ↑ „тег“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „тег“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Gardiner, E. Norman (2002). Athletics in the Ancient World (англиски). Courier Corporation. ISBN 978-0-486-42486-6.
- ↑ Pearl, Bill (2005). Getting Stronger: Weight Training for Sports (англиски). Shelter Publications, Inc. ISBN 978-0-936070-38-4.
- ↑ Miller, Stephen Gaylord (2004). Ancient Greek Athletics (англиски). Yale University Press. ISBN 978-0-300-11529-1.
Надворешни врски
уреди- Тег (реквизит) на Ризницата ?