Тврдина Жаблак Црноевиќ
Тврдината Жаблак Црноевиќ се наоѓа во Скадарското езеро, Црна Гора. Се смета дека тврдината била изградена во 10 век, додека првиот познат пишан извор датира од 15 век. Тврдината била во сопственост на семејството Црноевиќ, според кој го добила и своето име. Во времето когаа Зета се наоѓала во составот на Српското деспотство, оваа тврдина била во рацете на Стефан Лазаревиќ, а подоцна и на Ѓурак Бранковиќ. По ова, станала престолнина на Династија Црноевиќ и во нивна сопственост тврдината се задржала до [1478] година, кога истата била заземена од страна на Османлиите.
Тврдина Жаблак Црноевиќ | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Скадарско Езеро |
Земја | Црна Гора |
Тврдината била обградена со големи ѕидини со неколку кули а имало и една капија. Освен тврдината, во градот се наоѓале и Црквата Свети Ѓеорги, која во времето на Османлиите била претворена во џамија, станбени и воени објекти, складиште за роба и цистерна за вода. Од страна на Црногорецот Жаблак регионот бил освоен во почетокот на 19 век, а по 1878 година и одлуките и решенијата од Берлинскиот конгрес бил вратен на Црна Гора.