Тврдината Брсково се наоѓа во близина на градот Мојковац, Црна Гора. Денеска тврдината е во рушевини. Тврдината била изградена со цел да се контролира истоимениот рудник. За изградбата на тврдината не е познато, но се знае дека била една од најзначајнните тврдини во времето на Стефан Првовенчани и Стефан Урош I, главно поради големите богатства на рудникот. Во овој период биле ковани и првите пари во тогашната српска држава. Местото по 1350 година го изгубило своето значење, главно поради истрошените ресурси на рудникот. Во 1399 година, истиот бил заземен од страна на Османлиите.

Тврдина Брсково
Општи податоци
ГрадМојковац
ЗемјаЦрна Гора
Положба на тврдината во однос на средновековните утврдувања.