Тврдина Баба Вида

Тврдината Баба Вида (бугарски:Бабини Видини кули)) е тврдина која се наоѓа во Видин, Бугарија. Тврдината била изградена во 10 век, а претходно истата била користена од страна на римјаните како воен пункт, која била изградена во 3 век. Во времето на Јован Страцимир, таа бил проширена. Денес комплексот располага со двор со плоштина од 5 декари и се состои од два основни ѕида и четири кули. Во текот на својата историја, тврдината имала големо стратегиско значење за одбрана на градот Видин. По доаѓањето на Османлиите, тврдината била користена како затвор и воен магазин.

Тврдина Баба Вида
Бабини Видини кули
Карта
Општи податоци
ГрадВидин
ЗемјаБугарија