Тања Деман (Сплит, 1982) е хрватска мултимедијална уметничка. Има работено воглавно во медиуми со сложени светлосни инсталации, а со текот на времето се фокусирала и на фотографија, фото колаж и видео, а по завршувањето на училиштето на скулптура. Таа е една од најпознати хрватски уметнички од помладата генерација во светот. [1]

Биографија

уреди

Родена е во 1982 година во Сплит. Се школувала на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Дипломирала во 2006 година на отсекот за вајарство. За време на студиите како и по завршувањето на студиите, посетувала бројни студиски и резиденцијални престои во странство, како што е Индискиот универзитет во Пенсилванија во САД, каде што се заинтересирала за работа со светлината. [1] Ги завршила постдипломските студии за медии базирани на објективи на Институтот Пиет Зварт во Ротердам . [2] Таа има престојувано во резиденциите во Виена, Швандорф, Јоханесбург, Сарбрикен и Линц . Изложува од 2000 година. Има излагано групно и индивидуално во Европа, Америка и Африка. Своите видео работи ги има прикажано на неколку меѓународни фестивали. Во последните години повремено држи предавања за нејзината работа и учествува во јавни дебати по повод нејзините изложби. Во последните години, таа направила повеќе во вид на серијали, а други во форма на еднократни инсталации специфични за место во јавниот простор со акцент на фотографија или колаж. Нејзини чести мотиви во делата и се јавните базени. Вреди да се спомене и монументалната инсталација на Летната радост (Sommerfreuden) во Виена, специфична за ова место. Тоа е репродукција на фото колаж со кој е обвиткан првиот бизнис облакодер во Виена Рингтурм. Фото колажот се состои од серија фотографии снимени на Сплит кај Пољуд, Брда и Мертојак.

Таа ги користи медиумите фотографија и видео, „проучувајќи ја психологијата на околината низ архитектонски дела, нерамни пејсажи и доловувајќи ги филмските амбиенти, набљудувајќи ја динамиката на општествено-политичкиот урбан простор во кој живееме, во споредба со она што го имаме наследено. „ [2] Таа е членка на ХУЛУ Сплит. [3]

Награди

уреди

Добитничка е на повеќе награди, а од наградите во Хрватска се издвојува наградата од публика на изложбата T-HTnagrada@MSU.hr во 2008 година и влегувањето во финалето на Наградата Радослав Путар истата година. [1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Viz-kultura Bojan Krištofić: Između intuicije i koncepta - 6. srpnja 2015. (pristupljeno 9. prosinca 2019.)
  2. 2,0 2,1 Slobodna Dalmacija Eda Vujević: Tanja Deman: Poljud spajam s planinom, HNK Split sa šumom 16. veljače 2015. (pristupljeno 9. prosinca 2019.)
  3. HULU Split Tanja Deman (pristupljeno 9. prosinca 2019.)

Надворешни врски

уреди