Тајар Мехмед-паша

Тајар Мехмед-паша (починал на 24 декември 1638 во Багдад) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 27 август 1638 до 24 декември 1638 година.

Тајар
Мехмед
паша
Голем везир на Османлиското царство
На должноста
27 август 1638 – 24 декември 1638
Монарх Мурат IV
Претходник Бајрам-паша
Наследник Кеманкеш Кара Мустафа-паша
Лични податоци
Починал(а) 24 декември 1638
Багдад

По смртта на Осман II се приклучил на бунтовничките сили на Абаз Мехмед-паша но во Битката кај Кајсери тој преминал на страната на султанот и како награда бил назначен за упрвител на Дијарбекир. Во Багдатската кампања, тој имал задача да го чува Мосул но кога Бајрам-паша починал, тој бил назначен за Голем везир[1]. Во опсадата на Багдад која траела 40 дена, Тајар Мехмед-паша наредил општ напад и лично учествувал во борбите на 24 декември 1638 година. Иако нападот бил успешен, тој загинал за време на судирот[2] по што Мурат изјаил дека Тајар вреди како сто Багдади[3].

Наводи

уреди
  1. Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Yayınları, İstanbul, 2009 ISBN 978-975-254-278-5 p 94
  2. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 81-82
  3. Historian İlber Ortaylı's essay on Milliyet newspaper (турски)
Политички функции
Претходник
Бајрам-паша
Голем везир на Отоманското Царство
27 август 1638 – 24 декември 1638
Наследник
Кеманкеш Кара Мустафа-паша