Тарантски Залив
залив во Италија
Тарантски Залив (италијански: Golfo di Taranto, латински: Sinus Tarentinus) — залив во Јонското Море, јужна Италија.

Има речиси квадратен облик, со должина и ширина од околу 140 км. Се протега од ’ртот Санта Марија ди Леука на исток до ’ртот Колона на запад. Обиколен е од регионите Апулија, Базиликата и Калабрија. Најголеми реки што се влеваат во заливот се Базенто, Сиини и Агри.
Поважни населени места се Таранто и Галиполи. На крајбрежјето на заливот се наоѓале грчките колонии Кротон, Хераклеја, Турии и Сибарис.
Италија го смета целиот залив за исклучиво своја територија, но ова не го признаваат некои земји како САД и Велика Британија.
Поврзано Уреди
Координати: 39°53′06″N 17°16′37″E / 39.88500° СГШ; 17.27694° ИГД