Танц со змејови
Танц со змејови е петтиот роман, од седум планирани, во епскиот фантазиски серијал Песна на мраз и оган од американскиот автор Џорџ Р. Р. Мартин. Во некои области, обично-укориченото издание било објавено во два дела, под наслов Соништа и прашина и По гозбата. Тој бил единствениот роман во серијалот што бил објавен за време на осум сезонскиот период на адаптацијата на HBO на серијалот, Игра на тронови, и содржи 1.040 страници со избројани скоро 415.000 зборови.
Автор | Џорџ Р. Р. Мартин |
---|---|
Изработувач на корицата | Лери Ростант |
Земја | Соединетите Држави |
Јазик | англиски |
Серијал | Песна за мраз и оган |
Жанр | Фантастика |
Издавач | Voyager Books (Обединетото Кралство) Bantam Spectra (Соединетите Држави)[1][2] |
Медиум | Испечатено (тврдоукоричено и обична корица) |
Страници | 1016 (Тврдоукоричено издание за Соединетите Држави)[3] |
ISBN | 978-0553801477 |
OCLC | 191922936 |
Претходна | Гозба за врани |
Следна | Ветриштата на зимата (следува) |
Тврдоукориченото издание во САД било официјално објавено на 12 јули 2011 година, а неколку седмици подоцна се искачило на првото место на двете листи за бестселери од Publisher Weekly и USA Today. Романот бил адаптиран за телевизија како петтата сезона на „Игра на тронови“, иако елементи на книгата се појавија и во третата, четвртата и шестата сезона на серијата.
Резиме на заплетот
уредиЅидот и пошироко
уредиСтенис Баратеон, барателот на Железниот престол на Вестерос, го зазема Ѕидот на северната граница на кралството, помагајќи во одвратувањето на инвазија од дивтарите од северната дивина. Станис го егзекутира Менс Рајдер, водачот на дивтарите, затоа што одбил да му се покори и ја маршира својата војска јужно за да побара поддршка во баратањето за престолот.
Џон Сноу, новоизбраниот Врховен командант на Ноќната стража, редот што го брани Ѕидот, ја подготвува одбраната против Другите, непријателски нечовечки суштества од далечниот север. Џон преговара со водачот на дивтарите, Тормунд Џајантсбејн, за дивтарите да преминат на другата страна од Ѕидот, во замена за нивната помош во одбраната. Ова резултира со стаклен мир, но создава немири меѓу Ноќната стража, кои со векови ги сметаат дивтарите за свои непријатели.
Советникот на Станис, волшебничката Мелисандра, го предупредува Џон дека неговата полусестра Арја Старк е во неволја. Менс се открива дека е жив, благодарение на волшебната измама на Мелисандра. Тој е испратен во замокот на старковите предци, Зимопад, сега окупиран од непријателите Болтонови, за да ја спаси Арја. Како и да е, девојката во визиите на Мелисандра излегува дека е Алис Карстарк, млада благородничка која избегала кон Ѕидот за да го одбегне својот предавнички чичко. За да ја заштити Алис и да му помогне за вклучувањето на дивтарите во вестеросовото општевство, Џон организира Алис да се омажи со Сигорн од Тен, дивтарски водач.
Џон добива провоцирачко писмо од Ремзи Болтон, кој тврди дека ја срушил војската на Станис во Зимопад. Заканувајќи се со напад, Ремзи бара Џон да ги испрати и станисовата сопруга, ќерката и други заложници, покрај Арја и посвоениот брат на Џон, Теон Грејџој, последните двајца кои Џон не ги видел со години. Џон одлучува сам да маршира кон Ремзи и бара доброволци да го придружуваат. Неговите офицери ја гледаат намерата на Џон да маршира кон Ремзи, како предавство на неутралноста на Стражата и тој е избоден во буна.
Во меѓувреме, осакатениот полубрат на Џон, Бран Старк, кој патува северно од Ѕидот, е одведен до последните преживеани Деца на шумата, нечовечки домородци во Вестерос. Тие го запознаваат Бран и неговите придружници со „последниот зеленогледач“, древен човек испреплетен со корените на едно разгрането дрво. Тој му помага на Бран де се научи на јасновидниот поглед, овозможувајќи му на Бран да биде сведок на минатото и сегашноста преку очите на разгранетите дрвја кои растат во текот на северот.
Преку Тесното море
уредиВо слободните градови
уредиОткако го убил својот татко Тајвин, Раката на кралот, џуџето Тирион Ланистер е прошверцуван од Вестерос во градот Пентос од страна на главниот шпион Варис, каде што тој е засолнет од аристократот Илирио Мопатис. Тирион е испратен на југ со дружина наводно за да и помогне на прогонетата принцеза Денерис Таргариен, која ги контролира единствените живи змејови, во нејзиното баратање за Железниот престол. Тирион дознава дека Варис и Илирио го скриле претпоставениот мртов Егон Таргариен, син на починатиот брат на Денерис, принцот Рејгар, и имаат намера да го вметнат како крал на Вестерос со помош на Денерис. Тирион го убедува Егон веднаш да го нападне Вестерос, без да чека на Денерис. Наскоро потоа, Тирион е киднапиран од понижениот советник на Денерис, Џора Мормонт, кој има намера да го предаде на Денерис за да ја поврати нејзината верба.
Во Слободниот град Бравос, Арја е приврзаник на еснафот на атентатори познат како „Безлични луѓе“. Кога привремено ја ослепуваат, Арја го развива чувството за слух и сфаќа дека може да „гледа“ преку мачки на ист начин како што можела со својот миленик свирепиот волк, Нимерија. Откако ќе ѝ се врати видот, Арја има задача да убие корумпиран трговец додека магично се маскира со лицето на друга девојка. Откако го сторила тоа, Арја е прогласена за чирак на Безличните луѓе, да биде предадена на друг атентатор за да продолжи со обуката.
Робовладетелскиот Залив
уредиДенерис го освоила градот Мерин и го забранува ропството, но се мачи за одржување на мирот меѓу различните фракции во градот, вклучувајќи ги и Синовите на Харпијата, насилна меринска отпорничка група, и со соседниот град Јункај.
Змејовите на Денерис станале сè поопасни, а таа неволно ги ограничува во зандана за безбедноста на своите луѓе. Дрогон, најголемиот, избегнува заробување и одлетува. И покрај нејзината сексуална врска со платеникот Дарио Нахарис, Денерис се мажи со меринскиот благородник Хиздар зо Лорак за да обезбеди сојуз за да ги смири Синовите на Харпијата.
Квентин Мартел, син на принцот од Дорн во јужен Вестерос, пристигнува во Мерин со надеж дека ќе го обнови сојузот помеѓу семејството на Денерис и неговото, но тој не е во состојба да ѝ го задржи вниманието. Џора и Тирион имаат бродолом, се киднапирани и продадени се на јункајски трговци со робови. Тирион бега од јункајската војска која го опсадува Мерин, се приклучува на платеничката група Втори синови и ја обезбедува нивната поддршка за Денерис. Во меѓувреме, уште еден вестеровец, Виктарион Грејџој, плови за Мерин, со намера да се ожени за Денерис и да ги искористи нејзините змејови за да го собори неговиот брат, кралот на Железнородените.
На инсистирање на Хиздар, Денерис повторно ги отвора градските „борбени јами“ за гладијаторска борба, но бучавата и масакрот го привлекуваат Дрогон. Во исходот на хаосот, Денерис се качува на Дрогон за да го смири, но тој одлетува далеку со неа. Хиздар е вмешан во обид за труење на Денерис. Нејзиниот советник, Баристан Селми, го отстранува Хиздар од власт, а Синовите на Харпија продолжуваат со убивањата. Баристан се подготвува за борба со војските надвор од Мерин. Квентин се обидува да ја докаже својата вредност со јавање на еден од преостанатите змејови, но е убиен и двата змејови се ослободени.
Дрогон лета со Денерис кон Дотрачкото море, пасиште кое го контролираат номадските Дотрачани. По неколку дена, Денерис се сретнува дотрачка орда предводена од Кал Џако.
Во Седумте кралства
уредиСевер
уредиНа Северот, Рус Болтон ја соборил Куќата Старк и ја презел власта како Управник на Северот по сојузот со Куќата Фреј. Голем дел од регионот е окупиран од железноборните напаѓачи. Според советите на Џон Сноу, Станис ја добива поддршката на северните планински кланови ветувајќи дека ќе го поврати Зимопад и ги протерува Железнородните. Со нивна поддршка, Станис ја заробува Аша Грејџој, внука на Виктарион и со своите сили маршира кон Зимопад за да ги нападне Болтонови, но неговиот напредок е запрен од силни снежни бури.
Советникот на Станис, Давос Сиворт е испратен да ја добие поддршката на богатиот господар Вајман Мандерли, кој сценира лажно погубување врз Давос за да се најде во корист со ланистеровиот режим кој го контролира Железниот престол. На тајна средба, Мандерли му кажува на Давос дека тој и другите северни вазали имаат намера да изработат потчинетост кон Болтонови и Ланистерови, додека заговараат за одмазда за смртта на Роб Старк и обновување на старковото владение. Откривајќи му на Давос дека младиот Рикон Старк се крие на оддалечениот остров Скагос, Мандерли се заложил за поддршка на Станис, доколку Давос може да го поврати Ринкон и да ги обедини приврзаниците на Старкови.
Теон Грејџој е затвореник на Болтонови и е осакатен и измачуван од седистичкиот син на Рус, Ремзи, кој го преименува Теон во „Бздач“. За да го зацементира своето владеење над Северот, Рус наводно го жени Ремзи со Арја Старк, но девојката е всушност Џејн Пул, пријателка на сестрата на Арја, Санса, која е принудена да ја имитира Арја и физички и сексуално е злоставувана од Ремзи. Преображениот Менс Рајдер пристигнува во Зимопад и го такса Теон за да му помогне да ја ослободи лажната Арја. Теон и Џејн избегале, скокајќи од ѕидот на замокот во снегот за на крај да бидат заробени од силите на Станис.
Југот
уредиЏејми Ланистер, чичко (и, тајно, татко) на младиот крал Томен Баратеон, преговара за предавање на последните сојузници на покојниот Роб Старк, номинално ставајќи крај на војната Старк-Ланистер во Речните земји. Бриен од Тарт, која Џејми ја испратил да ја бара Санса Старк, го наоѓа Џејми и му кажува дека Санса е во опасност; тој ја следи.
Откако Тирион го убедил Егон да го нападне Вестерос, Егон и неговите сили заробуваат неколку замоци во Бурните земји со мал отпор. Во меѓувреме, очувот на Егон, Џон Конингтон, тајно боледува сива скала, смртоносна и заразна болест.
Доран Мартел, принцот на Дорн, испраќа три од неговите внуки северно во главниот град Кралебран за да се инфилтрираат во Верата и владата и да работат во интерес на Дорн.
Серсеј Ланистер, мајка на Томен и кралица-регент, е уапсена од Верата под обвинение за блуд и заговор. За да се ослободи од затвор, таа признава на неколку од помалите обвиненија против неа, но не признава дека го убила сопругот кралот Роберт Баратеон, ниту дека нејзините деца се производ на инцест. Како услов за нејзино ослободување, Серсеј е принудена да се понижи со одење гола низ градот. Во меѓувреме, сојузникот на Серсеј, поранешниот мајстор Кјубурн, го создал „сер Роберт Стронг“, 2,4 метарската висока фигура обвиена во оклоп, за да биде непобедлив шампион во претстојното судење во борба на Серсеј.
Откако преземал контрола врз владата, чичкото на Серсеј, Кевин Ланистер и Врховниот мајстор Пајсел се обидуваат да ја поправат штетата предизвикана од лоштото владеење на Серсеј. Како и да е, Варис повторно се појавува и ги убива и Кевин и Пајсел, откривајќи дека тој со години заговарал Ланистерови да се уништат едни со други за да може Егон Таргареан да го заземе престолот, откако бил одгледан како идеален владетел. Книгата завршува со тоа што Варис го испраќа своето дете шпиони за да го доврши Кевин.
Дополнително
уредиПокрај мапите објавени во претходните книги, книгата вклучува нова мапа на претходно неистражената област на слободните градови на источниот континент. Како и претходните четири тома во серијалот „Мраз и оган“, книгата вклучува додаток со целосен список на ликови.
Ликови
уредиПриказната е раскажана од гледна точка на 18 различни ликови,[4] вклучувајќи и два мали еднократни ликови од гледна точка прикажани во прологот и епилогот.[5] Сите, освен два лика од нивна гледна точка биле идентификувани пред објавувањето на книгата.
На северот:
- Пролог: Варамир Шест-Кожи, менувач на кожа и еден од преживеаните дивтари северно од Ѕидот.[6]
- Џон Сноу, 998. врховен командант на Ноќната стража и копилен син на Едард Старк.
- Бран Старк, вистинскиот наследник на неговиот брат, покојниот Роб Старк . Во потрага стара моќ преку Ѕидот, сметан мртов од цело негово семејство.
- Давос Сиворт, поранешен шверцер и Рака на кралот Станис Баратеон. Неодамна научил да чита, испратен да преговара со северните куќи.
- Бдздачот, принцот на Зимопад, Вртикапата, Духот во Зимопад: Теон Грејџој, претпоставен-мртов син на неодамна починатиот крал Бејлон Грејџој од Железните Острови, заробеник на Ремзи Болтон и сега измачуван, вгалдуван и едвај здрав во умот.
- Самоволната невестаа, Наградата на Кралот, Жртвата: Аша Грејџој, внука на кралот Јурон Грејџој од Железните Острови, побегната од Железните Острови по крунисувањето на вујко ѝ.
- Лејди Мелесандра, врзувач на сенки од Ашај и посветена свештеничка на црвениот бог Р’лор, советничка на Станис.
Во источниот континент Есос:
- Денерис Таргариен, престолонаследник на династијата Таргариенн, која владеела со Вестерос 300 години до нивното симнување од престолот 15 години пред првиот роман. Како самопрогласена кралица на Вестерос, таа сега управува со градот Мерин.
- Тирион Ланистер, џуџе и чичко на кралот Томен од Вестерос, бегалец кој се бара за родоубиство и кралоубиство. Неодамна побегнат од Седумте кралства.
- Човекот на трговецот, Одвеаниот, Безвредниот додворувач, Змејоскротувачот: Квентин Мартел, најстариот син на принцот Доран Мартел од Дорн, патувајќи на Исток на мисија за неговиот татко.
- Изгубениот Господар, Преродениот Грифин: Џон Конингтон, еден од поранешните Раце на Кралот Ерис Таргариен и еден од најблиските пријатели на принцот Рејгар. Прогонет, и лажно веруван за мртов. Неговиот идентитет како раскажувач бил чуван во тајност во текот на целата постапка на издавање на книгата.
- Кралицочуварот, Отпаднатиот витез, Кралокршачот, Рака на кралицата: Сер Баристан Селми, поранешениот Врховен командант на кралската гарда на Роберт Баратеон и првиот од гардата на кралицата Денерис.
- Железниот додворувач: Виктарион Грејџој, капетан на Железната флотата, неодамна заминат во потрага на Денерис за да ја искористи за сопствените цели на Железнородените.
- Слепата девојка, Грдото девојче: Арја Старк, скриена во Слободниот град Бравос, каде го зела идентитетот на „Каналската мачка“ и ја продолжува обуката како атентатор во Домот на црно-белите (Безличните луѓе).
На југот:
- Набљудувачот : Арео Хата, капетан на гардата на Доран Мартел.
- Сер Џејми Ланистер, Кралоубиецот, Врховен командант на Кралската гарда; моментално окупирајќи ги земјите околу Рекотек.
- Серсеј Ланистер, Кралицата регент, која моментно е затворена во ќелија во кулата, во исчек на судење.
- Епилог: Сер Кевин Ланистер, шеф на Куќата Ланистер во пресрет на смртта на неговиот брат, и сегашен регент на кралот Томен. Неговиот идентитет како раскажувач се чува во тајност во текот на целaтa постапка на објавување на книгата.
За книгата се напишани поглавја за неколку ликови со нивна гледна точка, кое може да ги вклучува Санса Старк, Самвел Тарли, Аерон Дамфер“, Аријан Мартел и Бриен од Тарт, но наместо тоа тие ќе бидат евентуално прикажани во следната книга „Ветриштата на зимата.
Пишување
уредиРан развој
уредиТанц со змејови првично бил наменет да биде насловот на вториот роман во низа, кога Мартин сè уште гледал на серијалот како трилогија. Некои рани изданија од САД на „Игра на тронови“ (1996) го наведуваат Танц на змејови како претстојниот втор том во серијалот. Антологијата Легенди од 1998 година, во која се наоѓа новелата „Џбунестиот витез“ од истиот свет, го навела „Танц на змејови“ како трето дело од серијалот од четири книги.
Во мај 2005 година, Мартин објави дека „чистата големина“ на неговиот сè уште недовршен ракопис за „Гозба за врани“, ги натерал него и неговите издавачи да ја поделат нарацијата во две книги.[7] Наместо да го подели текстот на половина хронолошки, Мартин решил да наместо тоа го подели материјалот по лик и место, што резултирало „два романи кои се одвиваат истовремено“ со различни групи на ликови. Објавено во 2005 година, Гозба за врани е раскажана првенствено од ликови од југот на седумте кралства и на нови места на Железните Острови и Дорн. Танц со змајови прикажува ликови на Северот и преку тесното море, иако во двата тома се појавуваат Џејми Ланистер, Серсеј Ланистер, Арја Старк, Арео Хота и Виктарион и Аша Грејџој.
Приближно една третина од објавениот „Танц со змејови“ се состои од материјал што бил напишан за пред-поделената Гозба за врани, иако поголемиот дел од ова го преработил Мартин.[8]
Во 2009 година, Мартин потврдил дека, спротивно на претходните изјави, Санса Старк нема да се појави во „Танц со змејови“ ; Поглавјата од Санса првично наменети за романот, наместо тоа, се ставени назад во Ветриштата на зимата, што се планира да биде шеста книга во серијалот.[9] На почетокот на 2010 година, Мартин забележал дека неговата намера за „Танц со змејови“ била за првите 800 страници со ракописи да ги покрие алтернативните ликови во исто време како Гозба за врани, и дека „Сè што следи е по Гозба, така што тоа е каде што некои од ликовите од последната книга почнуваат повторно да се појавуваат“.[10] Изјавувајќи дека „Сакав да решам барем неколку од деловите од Гозба што виселе во воздух“, Мартин ја спомнал и можноста некои негови готови поглавја да се стават во следниот роман „Ветриштата на зимата“, во зависност од должината на готовиот ракопис за Танц со змејови.
Пат до објавување
уредиИ покрај првичните, оптимистички предвидувања за можно завршување кон крајот на 2006 година, Мартин го завршил романот во април 2011 година, скоро пет години подоцна. Во овој период, блогот на Мартин прикажал спорадични ажурирања за неговиот напредок, а во јануари 2008 година тој објавил ажурирање во кое се потврдува неговата будна посветеност да го заврши романот.[11] Во почетокот на 2008 година, издавачот Spectra Books (оддел на Random House) објавил дека Танц со змејови ќе биде објавен на 30 септември 2008 година,[12] но Мартин изјавил дека ова ќе биде можно само ако тој завршил со пишувањето до крајот на јуни, пред неговото патување во Шпанија и Португалија;[13] тој не ја исполнил својата цел.[14]
На 19 февруари 2009 година, Мартин објавил на своето мрежно место: „Јас се обидувам да ја завршам книгата до јуни. Мислам дека можам да го сторам тоа. Ако го сторам тоа, Танц со змејови најверојатно ќе биде објавен во септември или октомври“.[9] На 22 јуни 2009 година, авторот изразил „резервен оптимизам“ во однос на неговиот напредок во романот, додека сè уште не го потврдил датумот на објавување.[15] На прашањето во интервју од јули 2009 година за FREE! Magazine како се одвивала книгата, Мартин изјавил: „Всушност, тоа оди добро. Се надевам дека ќе го завршам до септември или октомври; тоа е мојата цел“.[16] На 6 октомври 2009 година, Мартин рекол дека неговиот ракописот на кој работе за „Танц со змејови“ штотуку надминал 1.100 страници завршени поглавја, плус „значително повеќе во делчиња, фрагменти и груби делови“.[17] Тој истакнал дека ова го прави претстојниот роман подолг од неговите претходни книги „Игра на тронови“ и „Гозба за врани“, и скоро онолку долго колку што Судир на кралеви.
На 2 март 2010 година, Мартин кажал дека стигнал до 1.311 ракописни страници, со што Танц е вториот најдолг роман во серијалот во тој момент, само зад ракописот од 1.521 страници на „Бура од мечеви“.[18] На 8 јули 2010 година, Мартин зборувал на конференција и ја потврдил моменталната должина на книгата од 1.400 ракописни страници. Тој изрази разочарување што не е во можност целосно да го заврши романот до конференцијата, иако не шпекулирал за колку брзо ќе заврши со книгата по неговото враќање дома на 11 јули.[5] На истата конференција, Мартин исто така потврдил дека напишал едно поглавје за Санса, едно за Арја и две поглавја на Аријан за планираниот шести роман „Ветриштата на зимата“ и пренел две поглавја од Серсеј од таа книга во „Танц со змејови“. На 7 август 2010 година, Мартин потврдил дека има завршено осум ликови од гледна точка, исклучувајќи го прологот и епилогот.[19]
На Њујоршкиот Комик Кон, на 10 октомври 2010 година, високиот уредник на Спектра, Ана Гроел објавила дека Мартин имал само пет поглавја за завршувања, со делови од поглавјата кои веќе се завршени. Таа изјавила дека има желба ракописот да биде завршен до декември.[20] Во интервјуто во декември 2010 година со „Bear Swarm“, Мартин изјавил дека тој скоро завршил со Танц со змејови.[21]
На 3 март 2011 година, издавачот објавил дека романот, иако во тој момент сè уште не е завршен, ќе биде официјално објавен на 12 јули 2011 година.[2] Мартин тврдел дека овој датум на објавување во јули 2011 година е различен од споменатите датуми на објавување, затоа што ова е „вистинското“, наспроти порано „пожелното размислување, безграничениот оптимизам, пријатните соништа, [и] искрените грешки“.[22] На 12 март тој открил дека недовршениот ракопис ја надминал долготрајната Бура од мечеви, што го прави најдолгиот волумен во сиот серијал.[23] На 27 март тој објавил дека ракописот надминал 1.600 страници.[24] На 27 април 2011 година, било објавено дека Мартин го завршил Танцот со змејови.[25][26] Откако ги вклучил бараните измени направени од неговиот уредник на книги и нејзините колеги уредници, предложил конечни нацрт-белешки од доверливи пријатели, и неговата последна „пот“ (линија-по-линија прочитана направена за затегнување и елиминирање на сите непотребни „маснотии“ што останале во ракописот), конечниот нацрт бил сведен на 1.510 страници; ова ги направило Змејови вториот најдолг роман, со тесна разлика, на том три, „Бура од мечеви“ . Романот бил подготвен да го исполни датумот за објавување на 12 јули 2011 година.
На 29 јуни 2011 година, Амазон Германија погрешно порано објавила 180 копии од романот. Мартин побарал оние што имале копии да не ја расипат книгата за обожавателите кои морале да чекаат. Неколку мрежни места за „Песна на мраз и оган“ поставиле ембарго на своите форуми со истата намера.[27]
Изданија
уредиИзданија на странски јазик
- Бугарски: Бард: „Танц с Дракони“ („Танц со змејови“)
- Каталонски: Alfaguara: „Dansa amb dracs“ („Танц со змејови“)
- Кинески (традиционален): Три тома, "與 龍 共舞" 上, 中 и 下
- Хрватски: Два тома, Algoritam: „Ples zmajeva“ („Танц на змејови“)
- Чешка: Talpress: „Tanec s draky“ („Танц со змејови“)
- Дански: „En dans med drager“ („Танц со змејови“)
- Холандски: Два тома, Luitingh-Sijthoff: „Oude vetes, Nieuwe strijd“, „Zwaarden tegen draken“ („Стари расправии, нова битка“, „Мечеви против змејови“)
- Естонски: Два тома, тврдкорично : Varrak „Tants Lohedega“ („Танц со змејови“) книга 1 (09/23/2016) и книга 2 (05/18/2017)
- Финска: Два тома: „Lohikäärmetanssi“ („Змејотанц“) 1 и 2
- Француски: Три тома, Pygmalion: „Le Boucher d'un roi“, „Les dragons de Meereen“, „Une danse avec les dragons“ („Уделот/Клада на кралот“, „Змејовите на Мерин“, „Танц со змејови")
- Германски: FanPro (2012): „Drachenreigen“ („Змејов круг“). Два тома, Blanvalet (2012): „Der Sohn des Greifen“, „Ein Tanz mit Drachen“ („Синот на Грифинот“, „Танц со змејови“)
- Грчки: Два тома, Anubis: „Το Κάλεσμα της Φλόγας“, „Το Σπαθί στο Σκοτάδι“ („Повик на пламенот“, „Мечот во темнината“)
- Хебрејски: „ריקוד עם דרקונים חלק א - חלומות ואבק, ריקוד דרקונים חלק חלק לאחר לאחר" ("Танц со змејови Дел I - соништа и прашина, Танцувајќи со змејовите Дел II - По гозбата“)
- Унгарски: Alexandra Könyvkiadó: „Sárkányok tánca“ („Танц на змејови“)
- Италијански: Три тома, Arnoldo Mondadori Editore (2011, 2012): „I guerrieri del ghiaccio“, „I fuochi di Valyria“, „La danza dei draghi“ („Воините на мразот“, „Пожарите на Валирија“, „Танцот на змејовите")
- Јапонски: тврдокорично : Три тома, Hayakawa (2013): „竜 と の 舞 踏“ („Танц со змејови“) I, II и III, обична корица : Hayakawa (2016), I, II и III
- Латвиски: „Deja ar Pūķiem“ („Танц со змејови“)[28]
- Литвански: Два тома: „Šokis su Drakonais: Sapnai ir Dulkės“, „Šokis su Drakonais: Po Potos“ („Танц со змејови: Соништа и прашината“, „Танц со змејови: По празникот“)
- Норвешки: Два тома, Vendetta: „Drømmer og støv“, „Dragenes dans“ („Соништа и прашина“, „Танц на змејовите“)
- Полски: „Taniec ze smokami“ („Танц со змејови“)
- Бразилско-португалски: Leya: „A Dança dos Dragões“ („Танцот на змејовите“)
- Европско-португалски: Два тома, Сауда де Емергенија: „Saída de Emergência: „A Dança dos Dragões“, „Os Reinos do Caos“ („Танц на змејовите“, „Кралство на хаосот“)
- Романски: Nemira: „Dansul dragonilor“ („Танцот на змејовите“)
- Руски: AST: "Танец с драконами" ("Танц со змејови")
- Српски: Два тома, Лагуна: „Плес са змајевима Део први: Снови и прах“, „Плес са змајевима Део други: После гозбе“ („Танц со змејови“ Дел I: Соништа и прашина ”, „Танц со змејови Дел II : После гозбата”)
- Словенечки: „Ples z zmaji“ („Танц со змејови“)
- Шпански: Ediciones Gigamesh: „Danza de dragones“ („Танц на змејови“)
- Шведски: „Drakarnas dans“ („Танц на змејови“)
- Турски: „Ejderhaların Dansı“ („Танц на змејови“)
- Украински: Еден том, КМ Publishing (2018): „Танок драконів“ („Танц на змејови“)
- Виетнамски: Три тома: „Trò Chơi Vương Quyền 5А: Đánh thức Rồng Thiêng“, „Trò Chơi Vương Quyền 5B: Trấn thủnà Mereen“, „Trò Chơi Vương Quyền 5C: Vũ điệu Rồng Thi“ ("Игра на тронови 5А: Буден змеј", "Игра на тронови 5Б: Одбрана на Мерин", "Игра на тронови 5С: Танц на змејови")
Прием
уредиКритички одговор
уредиРејчел Браун од The Atlantic ја дожувеала Танц со змејови „бескрајно позадоволувачки од неговиот претходник, пустата и бавна „Гозба за врани“ од 2005 година. Аспектите од работата на Мартин кои им го направиле мил на обожавателите, се тука во изобилство - богата изградба на светот, наративни пресврти и вртења и грозни прикази на човечката борба за моќ. Ликовите кои биле сериозно промашени во Гозбата - Денерис Таргариен, Тирион Ланистер и Џон Сноу - сочинуваат повеќе од една третина од романот, а Мартин е доволно мудар да ни даде барем едно поглавје од (скоро) сите други. Слабости кои ги мачеле претходните книги на Мартин се исто така присутни: премногу повторување, необична проза и ликови кои користат исти идиоми (и имаат секс на ист начин) без оглед на нивната етничка припадност, социјална класа или континент. Но, додека „Танц со змејови“ извикува за подобро уредување, тој останува потполно возбудлив. Мартин сокрил толку многу индиции и лоши траги во текот на неговите претходни томови што е возбудливо да се видат одредени делови да се совпаѓаат“.[29]
Реми Верхов од „Хафингтон пост“ рекол: „Танц со змејови е секако само книга. Не е Второто пришествие или слично. И разбирам дека авторот мора да чувствува голем притисок во однос на овој (тој треба). Доцна е и мора да се поправи дел од штетата направена во Гозба за врани, што искрено било почувствувано како да е напишано од писател од сенка на моменти. Конечно е тука, а некои од работите за кои се прашувавме повеќе од една деценија, всушност се откриени (не сè, туку барем некои работи). Ги има истите структурни проблеми како и претходната книга; понекогаш е распространета и неповрзана, но барем ликовите се поинтересни отколку во претходното дело. Се чувствувам како да читам еден куп одделни приказни во истата поставка - поглавјата се раскажуваат низ очите на разни ликови - но тоа воопшто не ми пречи затоа што ја сакам поставката и сакам да ги гледам преку разни точки на гледање. Теориите кои биле разнесувани преку Интернет во последните десет години главно се реализираат во оваа книга, така што романот не е шокантен, но е ниту разочарувачки. Мартин, исто така, успева да стави неколку пресврти, но ја завршува книгата исто како што ја направи претходната со „делови кои висат во воздухот“, наместо да ги заврши работите малку подобро, така што следното долго чекање нема да боли толку многу“.[30]
Дејвид Ор од Њујорк Тајмс рекол: „Танц со змејови доаѓа на приближно 9,574,622,012 страници, а паметните пари велат дека последните две книги во серијалот ќе направат оваа да изгледа како „Старецот и морето“. Ваквата должина не е неопходна, и ѝ штети на прозата на Мартин и неговата механиката на заплетот. Тирион „шлапа“ барем 12 пати овде, па дури и ако претпоставиме дека неискажливиот збор го рефлектира презирот на Тирион за неговата незгодна потера, се чини дека е малку веројатно дека ќе го занесе овој презир кога тој, да речеме, се бори за неговиот живот. Слично на тоа, кога теренот на вашиот роман се протега на стотици милји и на вашиот свет му недостасува млазен погон, како автор, се соочувате со некои основни проблеми со пренесувањето што можат да резултираат со префрлање преку сложено дејствие“.[31]
Џејмс Понјевозик од Тајм пронашол можна "слабост на раните мерински делови [со] означување на времето (и правејќи ја Дени невообичаено неодлучлива) за да се овозможи време за сите на парчиња да се совпаднат во место", и рекол: "Се ова прави една книга со илјада страници што се чувствува половина долго, што се движи умешно, одговара на клучните прашања и ве разбудува со убедливи идеи и промени. Како и во Гозба за врани, има делови што се чувствуваат како да можеле да искористат уредник. Во некои поглавја одеднаш се наоѓате во чудна земја со лик на кој сте малку приврзани, прашувајќи се каде оди овој пат, како да сте останеле премногу долго на забава, откако заминале пријателите со кои дојдовте.[32]
Бил Шехан од Вашингтон пост ' рекол: „Исполнет со живописно обработени поставени делови, неочекувани вртења, разновидни „делови кои висат во воздухот“ и моменти на ужасна суровост, Танц со змејови е епска фантастика како што треба да се напише: страствен, привлечен, убедливо детален и темелно замислен. И покрај голем број на исклучително фантастични елементи (змејови, гатачи, менувачи на облици и волшебници), книгата - и серијалот како целина - се чувствува заснована во бруталната реалност од средновековието и има повеќе заедничко со Војните на розите отколку што таа има со Господарот на прстените. Резултатот е сложен летен блокбастер со ум и срце, книга со ретка - и потенцијално огромна - привлечност.[33]
Меган Васон од „Christian Science Monitor“ рекла: „Танц со змајови може да биде една од најдобрите книги во серијалот со пет книги досега. Прозата на Мартин е концизна, но содржајна, моли за да се проголта одново и одново. Сите омилени ликови на обожавателите се појавуваат, за разлика од последната книга. Но, она што навистина ја поставува оваа книга над некои други во серијалот е можноста на Мартин да ги задржи читателите на штрек и на рабовите на нивните места. Ниту еден лик, колку и да е посакуван и навидум важен, не е секогаш безбеден од пенкалото на Мартин (запомнете го Нед Старк?), А од друга страна, никој не може да биде вистински прогласен мртов. Она што мислевте дека ќе се случи откако ќе ги прочитате книгите бр. 1, 2, па дури и 3 и 4, сега е јасно дека нема да се случи, и тука е силата на Мартин”.[34]
Награди
уредиВо април 2012 година, Танц со змејови бил номиниран за Наградата Хуго за најдобар роман во 2012 година.[35] Во мај 2012 година, таа била номинирана за Наградата Локус за најдобар роман по фантастика во 2012 и ја доби во јуни 2012 година.[36][37] Во август 2012 година, романот бил номиниран за Светската награда за фантастика за најдобар роман.[38]
Наводи
уреди- ↑ Hibberd, James (3 март 2011). „Huge Game of Thrones news: Dance With Dragons publication date revealed! – EXCLUSIVE“. Архивирано од изворникот на 2015-01-15. Посетено на 16 јуни 2020.
- ↑ 2,0 2,1 Martin, George RR. „Good news for old blighty“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 9 декември 2012. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Fiction review: A Dance with Dragons: A Song of Ice and Fire, Book 5“. Publishers Weekly. мај 30, 2011. Архивирано од изворникот 14 јануари 2012. Посетено на 16 јуни 2020.
- ↑ Martin, George R. R. (June 27, 2010). „Talking About the Dance“. Not a Blog. Архивирано од изворникот на December 8, 2011. Посетено на May 19, 2011.
- ↑ 5,0 5,1 „A Dance With Dragons: The Latest Info (inc. pub date!) – A Song of Ice and Fire“. Asoiaf.westeros.org. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „A Dance With Dragons: The Latest Info“. Westeros.org. 16 февруари 2010. Посетено на 18 јуни 2020.
[Martin] finally confirmed at FargoCon 2009 that Melisandre would be a POV, but there was also another POV as yet unrevealed.
- ↑ Martin, George R. R (29 мај 2005). „Done“. GeorgeRRMartin.com (Службено мрежно место на авторот). Архивирано од изворникот на 31 декември 2005. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ Patrick (July 28, 2007). „Pat's Fantasy Hotlist: NYC recap (and that little GRRM tidbit!)“. Fantasyhotlist.blogspot.com. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на June 30, 2011.
- ↑ 9,0 9,1 Martin, George R. R. (9 февруари 2009). „A Dance With Dragons“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 28 декември 2009. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ Martin, George R. R. (15 февруари 2010). „Not Done Yet“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 4 декември 2011. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ Martin, George R. R. (1 јануари 2008). „A Song of Ice and Fire Update: The Dances Goes On ... and On ... and On“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 6 јануари 2008. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ „Spectra announcement“. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ „And Speaking of Subterranean“. Not A Blog.
- ↑ „Made It to Europe“. Not A Blog. June 25, 2008. Архивирано од изворникот на July 13, 2011. Посетено на June 30, 2011.
- ↑ „Guarded Optimism“. Not A Blog. 22 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 13 јули 2011. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ „FREE! Magazine » Interview with fiction writer George R. R. Martin“. Freemagazine.fi. 27 јули 2009. Архивирано од изворникот на 20 јули 2011. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ Martin, George R. R. (6 октомври 2009). „Dance, Dance, Dance“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 28 декември 2009. Посетено на 18 јуни 2020.
- ↑ Martin, George R. R. (2 март 2010). „The Green Light“. Not A Blog. Архивирано од изворникот на 21 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Dancing“. Not A Blog. 7 август 2010. Архивирано од изворникот на 13 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Kelly Faircloth (10 октомври 2010). „George R. R. Martin's A Dance with Dragons is really almost done!“. Io9.com. Архивирано од изворникот на 13 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Episode 136 – George R. R. Martin and A Song of Ice and Fire » The Bear Swarm! Podcast“. Bearswarm.com. Архивирано од изворникот на 7 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „George R. R. Martin's Blog – Dragon Time – March 3, 2011“. Goodreads.com. March 3, 2011. Посетено на 27јуни 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „He's STILL a king in his world“. Not A Blog. 12 март 2011. Архивирано од изворникот на 21 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „KONG“. Not A Blog. 27 март 2011. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2012. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „A Dance with Dragons is done“. Tower of the Hand. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Yes, it IS done. Really. « Suvudu – Science Fiction and Fantasy Books, Movies, Comics, and Games“. Suvudu.com. 27 април 2011. Архивирано од изворникот на 2013-07-24. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Amazon Screws the Pooch“. Not A Blog. 29 јуни 2011. Архивирано од изворникот на July 9, 2011. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „Troņu spēle :: The White Book“. Архивирано од изворникот на 2017-07-06. Посетено на 2020-06-27.
- ↑ Brown, Rachael (11 јули 2011). „George R.R. Martin on Sex, Fantasy, and A Dance With Dragons“. theatlantic.com. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Verhoeve, Remy (7 јули 2011). „My Love/Hate Relationship with A Dance with Dragons“. huffingtonpost.com. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Orr, David (12 август 2011). „Dragons Ascendant: George R. R. Martin and the Rise of Fantasy“. The New York Times. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Poniewozik, James (12 јули 2011). „The Problems of Power: George R.R. Martin's A Dance With Dragons“. time.com. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Sheehan, Bill (12 јули 2011). „A Dance with Dragons worth the long long wait“. washingtonpost.com. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ Wasson, Megan (12 јули 2011). „A Dance with Dragons, by George R.R. Martin“. csmonitor.com. Посетено на 27 јуни 2020.
- ↑ „2012 Hugo Awards“. Hugo Awards. Архивирано од изворникот на 3 септември 2012. Посетено на 28 јуни 2020.
- ↑ Locus Publications. „Locus Online News » 2012 Locus Award Finalists“.
- ↑ Locus Publications. „Locus Online News » 2012 Locus Awards Winners“. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2012.
- ↑ „World Fantasy Award Ballot“. World Fantasy Convention. Посетено на 28 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Матична страница на авторот Џорџ Р. Р. Мартин
- Shippey, Tom (July 11, 2011). „A Land of Wargs And Yunkishmen“. The Wall Street Journal. Посетено на July 23, 2014.
- Franich, Darren (July 12, 2011). „George R. R. Martin's A Dance With Dragons: The EW review“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на July 23, 2014.