Џон Сноу е измислен лик во Песна за мраз и оган серија на фантастични романи од американскиот автор Џорџ Р.Р. Мартин, како и на телевизиската адаптација Игра на тронови. Тој е истакнат карактер во романите, и е прогласен за еден од „најдобрите творби" на авторот и еден од најпопуларните ликови од страна на Њујорк Тајмс.[1][2]

Џон Сноу
Кит Харингтон како Џон Сноу
ЗвањеКрал на Северот
Командант на
Ноќната стража
Роднини

Во Игра на тронови Џон е претставен како вонбрачен син на Нед Старк, господарот на Винтерфел,[3][4] и полубрат на Роб, Санса, Арја, Бран и Рикон. Го глуми Кит Харингтон во серијата на HBO.

За ликот

уреди

Џон го идеализира својот татко Нед, но не сфаќа зошто тој одбива да му каже која му е мајка.[5] Уште на почеток на приказната, Џон има 14 години, и се чувствува како да не припаѓа во семејството. Тој се спријателува со еден бел волк, кој го нарекува „Дух“.[4][5][6] Заминува на должност во братството „Ноќна стража“. Низ текот на серијата, Џон живее со „дивите“ од другата страна на ѕидот, во улога на шпион за „Ноќна стража“. Се вљубува во Игрит. Подоцна откако станува главен командант на „Ноќна стража“, Џон Сноу стапува во сојузништво со дивите.[3][4][6][7]

Во јуни 2015 година, во последната епизода од петтата сезона, Џон е избоден до смрт од Алисер Торн и неколкумина други припадници на „Ноќна стража“.[8] Во шестата сезона, Џон е воскреснат. Кит Харингтон по тој повод изјавил:

Жал ми е што моравме да лажеме. Од друга страна, драго ми е дека гледачите беа вознемирени поради смртта на Џон Сноу. Најголем страв за мене ќе беше ако луѓето не се секираа за сето ова ...[9]

Наводи

уреди
  1. Orr, David (August 12, 2011). „Dragons Ascendant: George R. R. Martin and the Rise of Fantasy“. The New York Times. Посетено на July 12, 2014.
  2. Jennings, Dana (July 14, 2011). A Dance with Dragons Review: In a Fantasyland of Liars, Trust No One, and Keep Your Dragon Close“. The New York Times. Посетено на July 20, 2014.
  3. 3,0 3,1 A Game of Thrones: Analysis of Jon Snow“. SparkNotes. Посетено на August 4, 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 A Clash of Kings: Analysis of Jon Snow“. SparkNotes. Посетено на August 4, 2014.
  5. 5,0 5,1 Martin, George R. R. (1996). A Game of Thrones.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Goodreads Jon Snow.
  7. A Storm of Swords: Analysis of Jon Snow“. SparkNotes. Посетено на August 4, 2014.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име HBO Inside 50.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име EW Silence.