Знаме на Танзанија
Знаме на Танзанија е националното знаме на државата кое било усвоено во 1964. Ова знаме потекнува од знамињата на Тангањика и Занзибар. Тоа е составено од пет дијагонални ленти кои се движат од горниот десен агол кон долниот лев агол и се со боите: зелена, жолта, црна, жолта и сина.
- зелената боја ја претставува вегетација на земјата
- златната боја ги претставува минералните богатства
- црната боја го претставува народот Свахили
- сината боја ги претставува водените површини и Индискиот Океан
Поврзано
уреди