Брана Випра

(Пренасочено од Талспере Випра)

Браната Випра или Брана Випер (германски: Talsperre-Wippra или Wippertalsperre) е брана на реката Випер во планините Харц. Се наоѓа близу Випра, недалеку од Мансфелд и Хетштет во Саксонија-Анхалт. Била изградена помеѓу февруари 1951 и ноември 1952.

Брана Випра
Браната во март 2008
Брана Випра is located in Германија
Брана Випра
Локација на Брана Випра
ДржаваГерманија
ЛокацијаМансфелд-Зидхарц, Саксонија-Анхалт
Координати51°34′11″N 11°15′10″E / 51.56972° СГШ; 11.25278° ИГД / 51.56972; 11.25278
Започнато градењефевруари 1951
Датум на отворањеноември 1952
Брана и проточни канали
Вид на бранагравитациска брана
Висина24.9 м (82 ст)
Должина126 м (413 ст)
Волумен19,000 m3 (670,000 cu ft)
ДотекВипер
Капацитет на
проточниот канал
2,000,000 m3 (71,000,000 cu ft)
Електрична централа
ВидДа
Инсталирана моќност22 KW

Била изградена со цел да обезбеди индустриска вода за преработувачките капацитет за бакар во Мансфелд и Хетштет. Нејзината улога во заштитување од поплави е ограничена, бидејќи таа првично била изградена како помошна брана. Плановите за понатамошна поголема брана, никогаш не се реализирале. Браната Випер исто така произведува и електрична енергија, користејќи ја хидроенергијата. Капацитет на хидроцентралата е 22 kW.

Нејзин оператор е Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt.

Браната е гравитациска, направена од бетон. Достапни се организирани посети во самата брана.

На браната е точката 219 од планинско-пешачката патека Harzer Wandernadel.

Вештачко езеро Випра

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди