Сцила и Харибда

(Пренасочено од Сцила и Харидба)

Сцила и Харибда — морски чудовишта во старогрчката митологија.

Особености

уреди

Сцила живее под огромен мазен, влажен и висок гребен. Таа има дванаест нозе и шест долги вратови од кои се креваат грозоморните глави со по три редови остри заби. Нејзините жртви се задкитаните морнари што ги масакрира со своите челусти. Харибда живее под карпата на која расте смоквино дрво, во нлизина на Сцила. Таа трипати на ден голта морска вода и се она што ќе се најде во неа. На тој начин, со голтање и исфрлање на водата таа создава огромен вир што ги навлекува бродовите. Со Сцила заедно, тесниот морски канал го правеле едно од најопасните места на светот.

Преобразувањето

уреди

Харибда на почеток била Нејада, морска нимфа, ќерка на Посејдон и на Геа, таа го потопила копното за да го зголеми царството на татка си. Поради тоа Зевс ја претворил во чудовиште. Нејзината жед и голтање на морето доаѓало од нејзиниот бес. Според втората верзија таа била алчна жена која на Херакле му го грабнала стадото, поради што тој ја избркал во морето со својата молња.

Во митологијата

уреди

Постои мит дека Аргонаутите успеале да се спасат, да избегнат бродолом благодарение на тоа што биле водени од Тетида.

 
Сцила и Харидба против Одисеј

Одисеј во своите десетогодишни скитања низ морињата не можел да ја одбегне средбата со нив, посебно поради тоа што не бил миленик на Посејдон. Бидејќи бил познат по својата мудрост, поддржана со помош на Атина, тој одбрал да помине покрај Сцила, со што би загубил дел од посада, но би го зачувал бродот. Држекќи рамен курс тој згубил шест луѓе. Преостанатиот дел од посадата го навредиле Хелиј со тоа што го убиле неговото свето стадо, поради што биле уништени од молњит на Зевс. Одисеј останал без брод, му останал само сплав со кој повтоено бил вратен до Сцила и Харидба, но овој пат поминал покрај Харидба. Се спасил на тој начин што и на се држел за стеблото на смоквата што растело на карпата.

Се претпоставува дека се работи за Месинскиот проток кој се поврзува со Сицилија[1], но постои и претпоставка дека е тоа ’ртот Сцила во Грција.

Наводи

уреди
  1. Пелопонешки рат, Тукидид, Плато, Белград, 2010.