Сцена од Раундхејската градина
Сцена од Раундхејската градина (англиски: Roundhay Garden Scene) е краток филм од 1888 режиран од францускиот изумиутел Луј Ле Принс. Снимен е со пионерски 20 слики/сек и е првиот филм во историјата.[1]
„Сцена од Раундхејската градина Roundhay Garden Scene“ | |
---|---|
Сцена од Раундхејската градина | |
Режисер | Луј Ле Принс |
Продуцент | Луј Ле Принс |
Главни улоги | Адолф Ле Принс Сара Витли Џосеф Витли Хариет Хартли |
Музика | нема |
Кинематографија | Луј Ле Принс |
Монтажа | Луј Ле Принс |
Дистрибутер | Луј Ле Принс |
Премиера | 14 октомври 1888 |
Времетраење | +2.6 сек (20 слики/сек) +4.33 сек. (12 слики/сек) |
Земја | Франција - Англија |
Јазик | нем |
Претходен | непознат |
Следен | Лидски мост |
Преглед
уредиСпоред синот на Луј Ле Принс, Адолф, филмот е снимен во Оуквуд Грејнџ Роуд во Раундхеј, Лидс, Западен Јоркшир, Англија на 14 октомври 1888. Свекрвата на Ле Принс, Сара Витли, починала десет дена потоа.
Во филмот се прикажани Адолф Ле Принс, Сара Витли, Џозеф Витли и Хариет Хартли како се шетаат наоколу и се смеат.
Ремастерирање
уредиВо 1930 г. Националниот Музеј на фотографија филм и телевизија направил фотографски копии од сочуваната филмска лента. Секвенцата била снимена во 1885 на фотографска хартиена основа - фотографски филм „Истман Кодак“ преку Ле Принсовиот еднолеќен комби камера-проектор. Неговиот син, Адолф изјавил дека сцената во Раундхејската градина била снимена со 20 сл/сек., додека дигиталната ремастерирана верзија направена од гореспоменатиот музеј користи 52 слики во сек. и трае само 2 секунди. Филмот е со 24.64 сл/сек., современата кинематографска кадрова честота.
Исчезнатата макара
уредиИсторискиот филм доживеал трагедија и мистерија. На 24 октомври 1888, само десет дена по снимањето на Сцена од Раундхејската градина, Сара Витли (во филмот) - Ле Принсовата свекрва, починала во Лидс. на 16 септември 1890, додека се спремал да го патентира неговиот изум во Лондон и да направи премиерно прикажување во Њујорк, Јул Ле Принс мистериозно исчезнува на воз меѓу Дижон и Париз. Во 1902, две години по неговото сведочење во брифингот Еквити 6928, Адолф Ле Принс, синот на режисерот, бил најден мртов (застрелан) во Њујорк.
Наводи
уреди- ↑ Гинисова книга на рекорди, сите изданија.
Медија
уреди- Филмот Архивирано на 16 март 2007 г. во QuickTime формат.
Надворешни врски
уреди- Сцена од Раундхејската градина на Ризницата ?
- Roundhay Garden Scene на Семрежната филмската база на податоци (англиски)
- Центар за кинематографија, фотографија и телевизија „Луј Ле Принс“ (англиски)
- Филмот на YouTube