Схевенинген
Схевенинген (холандски: Scheveningen) е некогашно рибарско село на Англосаксонците во провинцијата Јужна Холандија, денес предградие на Хаг, седиште на холандската влада. Во Схевенинген се наоѓа и истоимениот затвор за потребите на Хашкиот трибунал.
Схевенинген | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Пристаништето Схевенинген | |||
Мапа на Хаг, Схевенинген обележан со зелено | |||
Земја | Холандија | ||
Покраина | Јужна Холандија | ||
Општина | Хаг | ||
Население (2015)[1] | |||
• Вкупно | 55.717 | ||
Мреж. место | denhaag.nl/nl/in-de-stad/stadsdelen/scheveningen.htm |
Во историските извори Схевенинген првпат се спомнува околу 1280 година како -{Sceveninghe}-. Денес тој претставува модерно место за одмор и рекреација со долга песечна плажа, голем светилник и видиковец со голем трговски центар, хотели и ресторани градени по туристички модерен концепт во 20-от век. Исто така местото е познато и по спортскиот риболов. Меѓу туристите особено е популарно сурфањето и летањето на змаеви.
Настани и атракции
уреди- Пливање и нуркање на новогодишната ноќ
- Едрење на Северното Море
- Денот на знамињата
- Огномети во текот на летниот фестивал Посетите на Схевенинген би можеле да вклучат :
- Музејот Музе ( Официјален музеј на Схевенинген)
- Прстаништето минијатурниот град
- Склуптурите во морскиот музеј
- Панорамата Мездаг
- Четрите различни плажи на Схевенинген
Ноќен живот
уредиКрајбрежјето на Схевенинген изобилува со голем број ресторани, кафулиња, дискотеки, коцкарници и друг вид забава и со тоа ова место е многу популарно како за младите така и за туристите од цел свет.
Надворешни врски
уреди„Схевенинген“ на Ризницата ? |