Платформска игра
Платформска игра (англиски: platform game) или платформер (англ. platformer) — жанр видеоигри во кои основниот играчки процес е скокање на платформи, качување по скали и собирање предмети потребни за да се победат непријателите или завршување на ниво. Многу игри од овој жанр се карактеризираат со нереални, рачно нацртани цртани графики. Ликовите во ваквите игри често се измислени суштества (на пример, змејови, гоблини) или антропоморфни животни.[1]
Платформерите се појавиле во раните 1980-ти и станале тримерни (3Д) кон крајот на 1990-тите. Некое време по образувањето на жанрот, тој го добил ова име, како одраз на фактот дека кај платформските игри играчкиот процес е посветен на скокање на платформи, наспроти пукање. Вистина е дека во многу платформери присуствува стрелачко оружје (англ. small arms), како што се Blackthorne или Castlevania. Втората служела како основа за поджанрот метроидванија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „What is a Platform Game? | 10 Design Types & Video Game Examples“. iD Tech (англиски). Посетено на 2021-03-29.
- ↑ Bloom, Steve (1982). Video Invaders. Arco Publishing. стр. 29. ISBN 978-0668055208.
Надворешни врски
уреди„Платформска игра“ на Ризницата ? |
- Platform games Архивирано на 15 март 2009 г. на MobyGames
- Video Games: Platform на Curlie (англиски)
- Benefits of Playing Games Архивирано на 31 март 2023 г.