Сукало[1][2] или оклагија[3][4] — кујнско помагало во форма на цилиндар, во должина помеѓу 20 и 40 см и обем од 4 до 5 см. Одредени специјализирани видови на сукала се шупливи и овозможуваат полнење со топла или ладна вода, иако овој вид поретко се сретнува. Сукалото се користи за развлекување на тесто и подготовка на пекарски и слаткарски производи, особено тестенини, торти, колачи, штрудли и слични кулинарски производи во домашни услови. Вообичаено во Македонија сукалата се изработуват од дрво (првенствено бука и јавор), иако на пазарот можат да се најдат сукала изработени од разновидни материјали. Како алтернативни материјали за производство на сукала се јавуваат стаклото, пластиката, некорозивни метали и мермер.

Дрвено сукало

Висок степен на хигиена е од извонредно значење во одржување на сукалата, бидејќи постојаната изложеност на влага често предизвикува пролиферација на фунги на површината.

Сукалата се традиционално присутни во кујната на македонските семејства, каде производите направени од брашно се високо застапени и се многу важен дел од исхраната и прехранбените навики. Сепак, во модерни времиња современите машини за тестенини кои се широко достапни вклучуваат автоматска функција за развлекување на тестото и како такви сè повеќе го заменуваат рачното сукало во кујната. Поради таа причина, како и поради индустриското производство на повеќето видови на прехранбени артикли во кои традиционално се користи сукалото, помладите генерации во Македонија во многу мал процент се запознаети со вештината на сукање, односно користење на сукалото.

Наводи

уреди