Судот на Ејми
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Судот на Ејми е американска телевизиска серија емитувана на каналот CBS од 1999 до 2005 година, со вкупно шест сезони. Серијата го следи животот на Ејми Греј, 35-годишна самохрана мајка која ја напушта својата кариера на адвокат во Њујорк и се враќа во своето родно место Хартфорд, каде станува судија за семејни случаи. Таа е разведена и сама ја одгледува ќерка си Лорен. Во Харфорд живее со својата доминантна мајка, Максин, поранешен социјален работник.
Judging Amy | |
---|---|
Податотека:Judging Amy.jpg Екранска снимка од најавната шпица | |
Создадена од | Ејми Бренеман Бил Д’Елија Џон Тинкер |
Улоги | Ејми Бренеман Ден Футерман Тајн Дели Кевин Рам Ричард Т. Џоунс Маркус Џиамати Џесика Так Карли Ворен Џилијан Арменанте Тимоти Омундсон |
Земја на потекло | САД |
Бр. на сезони | 6 |
Бр. на епизоди | 138 |
Производство | |
Времетраење | 60 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | CBS |
Првично прикажување | 19 септември 1999 – 3 мај 2005 |
Сценариото е засновано врз вистинскиот живот на мајката на главната глумица, Ејми Бренеман, и е приказна за три генерации жени кои живеат заедно и кои се соочуваат со лични и професионални дилеми во својот променлив живот.
Во Македонија, Судот на Ејми се емитуваше на А1 телевизија.
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |