Судоку
Судоку (数独 , sūdoku, すうどく) — логичка игра (сложувалка, задача). Целта на оваа канонична сложувалка е да се внесе број од 1 до 9 во секое поле од 9×9 матрицата, која пак е составена од 3×3 подматрици (наречени „региони“), почнувајќи со разни броеви кои се дадени во некои полиња (наречени просто „дадени“). Секоја редица, колона и регион мора да содржи една и само една инстанца од секој од броевите 1 до 9. За да се реши задачата потребно е трпение и логички способности. И покрај тоа што првпат се појавува во американско енигматско списание во 1970, „судоку“ добива на популарност и во Јапонија во 1986 г, за во 2005 г. да се здобие со меѓународна популарност. Првото светско првенство во судоку е одржано во Лука, Италија, од 10 до 12 март 2006 г.
Оваа статија за игра е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |