Логичка игра
Логичка игра (англиски: puzzle video game) — име на жанр видеогри чија цел е да се решат логички проблеми што бараат од играчот да користи логика, стратегија и интуиција.
Историја на развој
уредиПретходници на жанрот биле табла-игрите, графичките и механички логички игри — од крстозбори до Рубикови коцки. Овие загатки барале од играчот да користи логика и умешност за да ги реши, што исто така станало важно во прототипите на жанрот како што се Q*bert и Boulder Dash. Стандардот на жанрот била играта Тетрис, која се појавила во 1985 г. и сврзувала едноставен и возбудлив начин на игра.[1][2][3]
Во раните 1990-ти, игрите како што се Lemmings и The Lost Vikings ги оживеале логичките игри. Доаѓањето на тримерната графика придонела за развој на логичките игри на играчките конзоли. Релативно евтини за производство, игрите ја нашле својата ниша на преносливите играчки системи.
Објавена во 2016 г., The Witness успешно интегрирала една логичка игра (со многу варијации) во отворен свет. Играта е исклучително напорна, што се однесува до логичка игра (со 4 гигабајти меморија пречесто се менувала), но за една недела ги вратила милионите вложени во неа.
Наводи
уреди- ↑ „Q*bert“. classicgamesarcade.com. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 19 сентября 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Boulder Dash“. Mobygames. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 15 сентября 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Q*bert“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 19 сентября 2008. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)