Стурониси
Стурониси (грчки: Στουρονήσι) или Стирониси (Στυρονήσι, „остров на Стира“) ― мал остров во Евбејското Море. Се наоѓа во Јужниот Евбејски Залив спроти Стира. Тој е најголемиот остров од мал островски комплекс кој се состои од 7 островчиња и карпи. Островот има површина од околу 2 км2. Стурониси неодамна станал познат поради некои планови на грчката влада за развој на висококласно летно одморалиште на островот.[1][2]
Στουρονήσι | |
---|---|
Стурониси наспроти Стира | |
Географија | |
Координати | 38°10′15″N 24°09′39″E / 38.170722° СГШ; 24.160917° ИГД |
Површина | 2 км2 |
Држава | |
Област | Средна Грција |
Округ | Евбеја |
Демографија | |
Население | 0 (2011) |
Историја
уредиВо антиката, островот го добил името Егилија или Ајгилија (старогрчки: Αἰγιλία), или Ајгилеја или Егилеја (Αἰγίλεια), а била наведена од Херодот.[1] Херодот пишува дека за време на Првата персиска инвазија на Грција (492-490). п.н.е.), заробениците од Опсадата на Еретрија биле чувани на Егилија (која и припаѓала на Стира) за време на Маратонската битка (490 г. п.н.е.).[3][4] По битката, овие заробеници биле собрани, и на крајот испратени кај Дариј I во Суза, Персија.[5]
Евбејското Море е важен премин за бродовите, па околу бреговите на Стурониси биле пронајдени некои антички остатоци. Подморничкото истражување на една урнатина била снимена како дел од наградуван документарен филм.[1][6] Најзначајната античка руина припаѓа на хеленистичкиот период.[7][8] За време на Грчката војна за независност, островот бил користен како засолниште на грчките герилци. Одисејас Андруцос и Николаос Криезиотис навратиле кон островот тие години.[1] Денес островот е ненаселен, но грчката влада има планови за претворање на островот во висококласно летно одморалиште.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Παλιό λημέρι του Οδυσσέα Ανδρούτσου και του Κριεζώτη είναι το νησί που θέλουν να κάνουν «θερινό Νταβός» στην Ελλάδα“. mixanitouxronou.gr. Посетено на 13 ноември 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Μάρδας: Σχεδιάζουμε το «θερινό Νταβός» κοντά στα Στύρα Ευβοίας“. ethnos.gr. Посетено на 13 ноември 2021.
- ↑ Херодот. Историја. 6.107.
- ↑ Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Aegilia“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
- ↑ Херодот. Историја. 6.119.
- ↑ „Preliminary underwater survey on a wreck of the Later Helladic Period, on the Island of Stira, South Euboic Gulf“. ufr-team.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 13 ноември 2021.
- ↑ „Underwater find: Hellenistic shipwreck found in Gulf of Evia“. ekathimerini.com. Посетено на 13 ноември 2021.
- ↑ „Υποβρύχια έρευνα στον νότιο Ευβοϊκό κόλπο“. ienae.gr. Архивирано од изворникот на 2016-12-26. Посетено на 13 ноември 2021.