Поимот структурен мотив се однесува на супервторичната структура на биополимерите, како белковините и нуклеинските киселини. Тие се наоѓаат во белковини и ензими со различни функции, па затоа не се соодветни за предвидување на биолошката функција.

Бидејќи односот помеѓу првичната структура и третичната структура не е едноставен, два биополимера може да споделуваат ист мотив, но сепак да немаат сличност во првичната структура. Со други зборови, структурниот мотив не мора да биде поврзан со низниот мотив. Исто така, постоењето на низен мотив не мора да подразбира карактеристична структура. Во повеќето ДНК мотиви, на пример, се претпоставува дека ДНК од таа низа не отстапува од нормалната структура на двојна завојница.

Кај белковините

уреди

Кај белковините, структурниот мотив ја опишува поврзаноста помеѓу елементите на вторичната структура. Поединечниот структурен мотив обично се состои од само неколку елементи, на пример, мотивот „завојница-свиок-завојница“ има само три. Додека просторната низа на елементи може да биде идентична во сите случаи на еден мотив, тие може да бидат кодирани во било кој ред во рамките на генот. Во прилог на елементи на вторичната структура, белковинските структурни мотиви често имаат петелки со варијабилна должина и неодредена структура.

Доста честа. Две антипаралелни бета нишки поврзани со тесни свиоци од неколку аминокиселински остатоци помеѓу нив.

Две бета нишки склопени во форма на сендвич.

Петелка кај која аминокиселинските остатоци кои го сочинуваат почетокот и на крајот на петелката се многу блиску една до друга.

Се состои од алфа-завојницаи поврзани со петелка. Овој мотив се наоѓа во факторите на транскрипција.

Две бета нишки со крај од алфа-завојница склопен за да врзе цинков јон. Се јавува кај ДНК-врзувачките белковини.

Два α-завојницаа, поврзани со кратка нишка (свиок). Се среќаваат кај многу белковини кои ја регулираат генската експресија.

Многу честа. Три последователни аминокиселински остатоци формираат вдлабнатина која врзува анјон.

Многу честа. Три или четири последователни аминокиселински остатоци формираат структура за врзување на катјон.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)