Стреланите од Герман

Тринаесетте стрелани од Герман ― масакр извршен врз македонски борци по потекло од селото Герман. Тринаесеттмина биле стрелани од страна на Грчката владина војска и полиција, на 29 октомври, 1948 година.[1]

Хронологија на настаните

уреди

На 17 април 1946 година во 1 часот по полноќ, жандармеријата навлегла во селото Герман. Повеќе од 50-тина полицајци и војници, пцуејќи и кршејќи ги влезните врати, на брутален начин упаднале во куќите во селото. Таа ноќ, повеќе од 40 души, мажи и жени, биле уапсени и затворени во полициски затвор цели три месеци, каде биле подложени на ѕверска тортура.[1]

Една група биле затворени во Леринско, а други во Солунските затвори. Тринаесет од нив - Васил Белев, Герман Бабинкостов, Герман Боглев, Јоше Дамовски, Јондрич Иванов, Герман Младенов, Фоте Мечкаров, Вангел Нушев, Стојан Пандеов, Лазо Русев, Методија Торков, Вангел Цетелев и Стојан Јанков во 1947 година биле префрлени во озогласените логори на Ура.[1]

Повеќе од една година тринаесетте патриоти од селото Герман, заедно со илјадници други борци од селата во Грција, ги преживувале ужасите на Ура. И покрај ѕверските мачења, тие не отстапиле од ставот за народната борба и останале лојални на КПГ и на народот.[1]

Бидејќи не успеале да извлечат ништо од нив во логорот Ура, овие тринаесетмина биле испратени на воен суд. Во октомври 1948 година, тринаесетте селани од Герман, биле одведени во Лерин каде се појавиле пред воениот суд и биле осудени на смрт. На 29 октомври сите биле стрелани.[1]

Сите тие биле чесни патриоти и храбри борци за слобода, членови на ЕАМ и КПГ, кои активно учествувале во борбата против нацистичката и италијанската окупација за ослободување на татковината.[1]

Кога веста за смртта на тринаесетте скапоцени синови стигнала до нивните соселани во Герман, локалниот народен совет во чест на загинатите борци организирал народен празник на кој се придружувало целото село. На фестивалот присуствувале претседателите на Народната власт, ДАГ и Леринскиот регионален народен совет, делегати од други преспански села и други.[1]

Оркестарот на ДАГ свирел жалосни маршеви, додека стражата составена од борци, ја искажувала својата почит кон загубените борци.[1]

Список на стреланите

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Повеќе автори (2009). For Sacred National Freedom (PDF). Австралија: Pollitecon Publications. стр. 91–92. ISBN 978-0-9804763-3-0.[мртва врска]