Страст, внимание (филм)
Страст, внимание (кин. 色,戒) — кинески шпионски трилер од 2007 година режиран од тајванскиот режисер Анг Ли, заснован на истоимен расказ објавен во 1979 година од кинескиот автор Ејлин Ченг. Главните улоги ги толкуваат: Тони Чиу Леунг, Веи Танг, Џоан Ченг и Лихом Ванг. За овој филм, режисерот Ли по вторпат ја добил наградата „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.[1]
„Страст внимание“ | |
---|---|
Филмскиот постер | |
Режисер | Анг Ли |
Продуцент | Анг Ли Вилијам Конг Џејмс Шејмус |
Сценарист | Ејлин Ченг (расказ) Хуи Линг Ванг Џејмс Шејмус |
Главни улоги | Тони Леунг Чиу-Вај Танг Веј Ванг Ли-Хом Џоан Чен |
Музика | Александар Десплат |
Кинематографија | Родриго Пието |
Дистрибутер | Focus Features Universal |
Премиера | 24 септември 2007 |
Земја | Кина Тајван |
Јазик | мандарински кантонски шангајски англиски јапонски |
Приказната се одвива највеќе во Хонгконг во 1938 и во Шангај во 1942, кога градот бил окупиран од Јапонија и под марионетска власт на Ванг Јингвеј. Филмот претставува група кинески студенти кои заговараат атентат на висок кинески колаборационист користејќи млада жена која би го намамила во стапица.
Филмот и приказната се лабаво засновани на случки за време на јапонската окупација на Шангај. Експлицитните секс сцени во филмот резултирале тој да биде рангиран со NC-17 во САД.
Заплет
уредиДејството на овој шпионски трилер се случува во Шангај за време на Втората светска војна, окупиран од Јапонија, каде добро облечена и привлечна кинеска наречена „Г-ца Мак“ (Танг Веј) седи во кафуле во елитна четврт. Кога ќе повика машки пријател, нејзините безопасни коментари се кодирани сигнали за почеток на акција на ќелија млади агенти. Филмот тогаш оди наназад во 1938 година кога почнува трансформацијата на срамежливата и неискусна студентка Вонг Чија Чи во гламурозната г-ца Мак, нејзината маска во кинескиот отпор. Чија Чи била оставена сама во Кина од нејзиниот татко кој побегнал во Англија. Додека е бруцош, Кванг Ју Мин (Ванг Ли-Хом) ја поканува да учествува во неговата патриотска театарска трупа. Чија Чи станува водечка дама, инспирирајќи ги и публиката и нејзиниот нов пријател Кванг.[1]