Страници на љубовта (филм)

филм

Страници на љубовта е романтичен филм од 2004 година режиран од Ник Касаветес, заснован врз романот со исто име на Николас Спаркс.Главни ликови во филмот се Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс како млад пар кои се вљубуваат во текот на 1940 година. Нивната приказна е раскажана во сегашност од страна на еден постар човек, чија улога ја игра Џејмс Гарнер, кој ја раскажува приказната на жител во старечки дом, игран од Гена Роландс.

Содржина

уреди

Филмот започнува со еден постар човек кој и чита од една тетратка на една постара жена за приказна помеѓу двајца млади љубовници Ели и Ноа. Приказната датира назад во летото 1940 година во Сибрук, Јужна Каролина. Ели Хамилтон е девојка од богато семејство која го поминува летото во Сибрук. На еден карневал Ели го запознава Ноа Калоун, локално момче кое работи во фабрика за дрвенарија. За време на летото нивната романса цути и тие го поминуваат секој момент заедно.

Родителите на Ели и кажуваат дека тој не е доволно добар за неа. Истата ноќ Ели и Ноа се расправаат. Тие раскинуваат, но веднаш зажалуваат за одлуката. Семејството на Ели наредниот ден заминува од Сибрук и Ноа, уништен, и пишува секој ден по едно писмо кои нејзината мајка ги крие. Бидејќи Ели не му одговара на писмата Ноа се сели во Атланта. По нападите на Перл Харбор, тој се пријавува во војската за Втората светска војна додека Ели оди на колеџ.

За време на колеџот Ели волонтира како помошник медицинска сестра за ранетите војници и го среќава ранетиот Лон Хамонд, помладиот - еден млад, згоден, шармантен човек од богато семејство. На радост на родителите на Ели тие се свршуваат, а во меѓувреме Ноа се враќа дома. Ноа се поздравува со татко му кој го известува дека ќе ја продава сегашната куќа за Ноа да може да ја купи старата Биндзор плантажа (старата напуштена куќа која Ноа и вети на Али дека ќе ја реновира за тие да можат заедно да живеат таму). За време на посетата на Чарлстон, Јужна Каролина да и ги презентира на државата неговите планови за градење на неговата нова куќа, Ноа ја здогледува Ели како оди надолу по улицата. Ноа, кој во тоа време е во автобус, веднаш скокнува од автобусот и ја гони Ели. Ја здогледува дека влегува во ресторант и се насмевнува, но потоа ги гледа неа и Лон како се бакнуваат. Уништен, Ноа ја реновира старата куќа, верува дека ако тој го одржи ветувањето Ели ќе се врати. Откако ја завршува куќата, Ноа се обидува да ја продаде, но не може да се оддели од неа.

Во сегашноста, јасно е дека старата жена е Ели а раскажувачот на приказната е нејзиниот сопруг. Таа не го препознава своето семејство поради нејзината влошена деменција и тие го молат нивниот татко да дојде дома со нив додека тој инсистира да остане со неговата жена.

Филмот се враќа назад во 1947 година. Додека го пробува венчалниот фустан со семејството и пријателите, Ели чита за куќата на Ноа во весник и се онесвестува. По многу размислување, таа решава да го посети.Кога пристигнува на имотот на Ноа таа делува многу нервозно и се обидува да си замине возејќи ја нејзината кола во рикверц. Таа удира во дрвена порта и нејзината кола не сака повторно да запали. Ноа оди кај неа и ја поканува да влезе внатре во куќата. Тие разговараат и вечераат заедно и Ели јасно нагласува дека ќе се мажи. Тие се навраќаат на нивните заеднички спомени и кога веќе е време Ели да си оди, Ноа ја замолува да се врати утре за изненадување. Наредниот ден, Ноа ја носи Ели на езерото во кану на живописен амбиент меѓу гуски и тие почнуваат да разговараат. Ели го прашува Ноа зошто се таму гуските, но Ноа и вели дека не знае и дека „ќе се вратат таму од каде што дојдоа“, можеби укажува на тоа дека Ели треба да му се врати. Пред да заврши разговорот почнува да врне и Ноа и Ели се смејат и таа почнува да вреска како да е ослободена. На враќање откако ќе пристигнат на пристаништето, Ели се вознемирува и бара да дознае зошто Ноа никогаш не и пишал. Ноа и кажува дека тој и пишал секој ден цела една година. И и кажува „не беше завршено, сè уште не е завршено.“ Тој го повлекува нејзиното лице до неговото и тие се бакнуваат, потоа водат љубов. Подва дена страст, мајка и на Ели се појавува додека Ноа е излезен и вели дека Лон ја следел до Сибрук. Мајка и на Ели ја носи на прошетка со колата во складиштето за дрвена граѓа. И објаснува како и таа еднаш имала летна романса, и дека сè уште понекогаш го гледа нејзиниот поранешен љубовник. Тие се враќаат назад во куќата на Ноа, каде тој седи на тремот. Таа и го подава на ќерка и пакетот од 365 писма кои Ноа ги напишал, велејќи и дека се надева дека Ели ќе го направи вистинскиот избор. Таа си заминува а Ели седнува на тремот до Ноа. Таа му објаснува дека Лон е во градот и дека изминатите неколку дена било прекрасни, но многу неодговорно. Ноа збеснува, и ја обвинува дека таа го сака Лон само поради неговите пари и вели дека ако таа замине, тој ќе ја мрази засекогаш. Таа истрчува кон нејзината кола и Ноа вика по неа дека нејзе и е досаден животот, ако не било така таа немало да доаѓа. Таа се завртува и вика дека тие нема да потраат бидејќи заедно се само 3 дена а тие веќе се расправаат. Тој ја моли да остане со него, велејќи и дека знае дека се караат и тој е спремен да работи на тоа секој ден ако тоа е потребно. И вели дека не се плаши да ги повреди нејзините чувства бидејќи тоа е тоа што тие го прават – се карат и се смируваат. Тој и кажува дека ако таа навистина сака да биде со Лон, тогаш таа треба да оди, бидејќи веќе еднаш ја изгубил може да го направи тоа повторно. Збунета, Ели си заминува.

Вознемирена, Ели ја застанува нејзината кола, ги чита писмата на Ноа за збогум и потоа заминува во хотелот каде престојува Лон. Лон и вели дека тој има три опциии: Да го убие Ноа, да го претепа, или да ја напушти Ели. Тој вели дека ниту еден не и дозволува да ја задржи, а ја сака. Таа вели дека и таа го сака, но се чувствува како две различни личности кога е со Лон и кога е со Ноа. Таа исто така вели и дека знае дека таа треба да биде со него (Лон) навестувајќи дека ќе остане со него. Меѓутоа, преминувајќи во куќата на Ноа каде тој дреме на креветот покриен со ќебе, тој слуша бучава од кола надвор. Станува и забележува дека всушност тоа е Ели, која се чини дека го напуштила Лон и се враќа кај него. Тој излегува надвор каде Ели ги испушта своите куфери и истрчува во неговите прегратки при што тој ја замотува во ќебето и ја повлекува накај него и тие се бакнуваат страсно.

По враќањето во сегашноста, Ели сфаќа дека таа и Ноа се луѓето во книгата. Таа прашува колку време има пред повторно да го изгуби сеќавањето. Тие танцуваат и таа повторно се влошува. Мора сестрата да и стави инјекција бидејќи мисли дека Ноа е натрапник. Ноа се вознемирува и плаче. Кога оди да спие, тој погледнува во книгите и дознаваме дека самата Ели ја напишала книгата со оваа порака напишана напред: „ Читај ми го ова и јас секогаш ќе се враќам кај тебе.“ Наредното утро сестрата го наоѓа Ноа во критична состојба. Тој се спасува од срцев удар и ноќта се искрадува во собата на Ели. Таа се сеќава на Ноа и го прашува дали нивната љубов е доволно силна да направи чудо и да ги земе и двајцата заедно. Ноа вели дека нивната љубов може да направи сè што тие ќе посакаат. Утрото, двајцата се најдени мртви, како спијат мирно додека се држат за раце. Филмот завршува со јато птици како летаат над едно езеро.

Настапуваат

уреди

Прифаќање

уреди

Критичко огласување

уреди

Страници на љубовта доби мешани до позитивни реакции од критичарите. Насобраниот преглед кај Rotten Tomatoes покажа дека 52% од критичарите позитивно го оцениле филмот, врз основа на 149 извештаи. Метакритичарите изјавија дека филмот имал просек од 53 од 100, врз основа на 34 прегледи. Роџер Еберт од Чикаго Сан-Тајмс го пофали филмот, оценувајќи го со три и пол од четири ѕвезди, нарекувајќи ја фотографијата „извонредна во нејзините богати, заситени ефекти“ и изјавувајќи дека „глумците се благословени со добар материјал.“

Финансии

уреди

Филмот започна да се прикажува на 25 јуни 2004 година, во Канада и во САД и собра 13,4 милиони долари во 2 303 театри првиот викенд од прикажувањето, рангирајќи се како 4 во благајната. Филмот насобра вкупно 115,6 милиони долари ширум светот, 81 милион долари во Канада и САД и 34,6 милиони долари во другите земји.

Наводи

уреди
  1. ^ b "The Notebook (2004)" Архивирано на 13 јули 2013 г.. Благајна Моџо. Преземено 16-06-2010.
  2. "The Notebook Movie Reviews, Pictures". Rotten Tomatoes. Преземено 02-11-2010.
  3. "The Notebook Reviews, Ratings, Credits". Metacritic. Преземено 05-02-2008.
  4. "The Notebook :: rogerebert.com :: Reviews". Chicago Sun-Times. Преземено 07-08-2010.
  5. "The Notebook (2004) - Weekend Box Office Results". Box Office Mojo.Преземено 05-02-2008.
  6. "The Notebook (2004)". Box Office Mojo. Преземено 05-02-2008.