Стојна ситноода
Стојна ситноода: Лирски народни песни од Охридско — книга на Блаже Тренески со лирска народна поезија од охридскиот крај. Книгата е објавена во 1981 година од издавачката куќа НИО „Студентски збор“ од Скопје, а во рамките на библиотеката „Културно наследство“.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи 170 лирски народни песни, групирани во десет циклуси:[1]
- Што ми лее и белее
- Ајде да Стојно ајде да, ајде да стадо мешаме
- Поткачила се Драгина на сувар дрво да кршит
- Гајтано моме Гајтано, гајтан ти веѓи на чело
- Постани потклекни Станке марушанке
- Маја се толчит
- Добре дошле китени сватои
- Свекрво мори свекрво наполни табла дарови
- Ор' неесто Ејке ле Пејке
- Под Битола ливада
Осврт кон книгата
уредиКнигата содржи 155 страници и не е каталогизирана. Таа била испечатена во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, во тираж од 1.000 примероци, а печатењето било финансирано од Републичката заедница на културата на СР Македонија. Автор на корицата е Слободан Пупиновски. Во книгата доминираат љубовните и семејните песни, а помалку се застапени трудовите и хумористичните песни. Во својата рецензија, Томе Саздов истакнал дека собраните материјали претставуваат нов и драгоцен придонес во зачувувањето на макеоднската народна песна. Песните се мошне коректно запишани и добро подредени, а собирачот ги соопштува и изворите од кои потекнуваат песните.[1]