Столе Јанковиќ
Столе Јанковиќ | |
---|---|
Роден(а) | Стојиљко Јанковиќ 6 април 1925 Белград, Кралство СХС |
Починал(а) | 19 април 1987 Белград, СР Србија, СФРЈ | (возр. 62)
Занимање | Кинорежисер, сценарист |
Столе Јанковиќ (6 април 1925 – 19 април 1987 година) ― југословенски кинорежисер и сценарист.
Во кариерата која се протега повеќе од две децении помеѓу доцните 1950-ти и раните 1980-ти, Јанковиќ е главно познат по режија на голем број партизански филмови и телевизиски серии произведени од Авала филм и Радио-телевизија Белград. Неговиот филм од 1958 година „Небото низ гранките“ бил вклучен на 1. Московски меѓународен филмски фестивал.[1] Неговиот филм „Момент“ од 1978 година бил вклучен на 11. Московски меѓународен филмски фестивал.[2]
Филмографија
уреди- Небото низ гранките (Кроз грање небо, 1958)
- Партизански приказни (Партизанске приче, 1960)
- Вишна на Ташмајдан (Вишња на Ташмајдану, 1968)
- Партизани (1974)
- Момент (Трен, 1978)
Наводи
уреди- ↑ „1st Moscow International Film Festival (1959)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 16 јануари 2013. Посетено на 4 февруари 2023.
- ↑ „11th Moscow International Film Festival (1979)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 3 април 2014. Посетено на 4 февруари 2023.
Надворешни врски
уреди- Столе Јанковиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)