Стењско Блато — слатководен (блатен) акватичен екосистем.

Стењско Блато
Стењско Блато -
Стењско Блато -
Поглед на блатото
Место Село Стење
Земја Македонија
Околна водна површина Преспанско Езеро
Координати 40°56′02″N 20°55′02″E / 40.933794° СГШ; 20.917111° ИГД / 40.933794; 20.917111
Вид блато
Површина 17 хектари
Надм. височина на површината 854 м.н.в.

Слатководните акватични екосистеми, а особено блат ните екосистеми се исклучително значајни хабитатни типови (типови на природни живеалишта) со потреба од заштита, не само заради заштитата на значајната флора, инвертебратна фауна, туку и за целокупната фауна воопшто. Еден таков блатен екосистем претставува Стењско блато кое се вбројува меѓу најзначајните живеалишта во Национален парк Галичица. Се работи за редок тип на живеалиште (екосистем) воопшто, а особено во паркот. Во него живеат голем број ретки и ендемични животински видови, поради што во 1988 година Стењско Блато било прогласено за Зона со строга заштита во паркот. Исто така во Планот за управување со Национален парк Галичица (2021-2030)- овој екосистем припаѓа во зоната со режим на строга заштита. Овој тип живеалиште е локално ретко и значајно живеалиште за неколку ретки видови.[1]

Местоположба

уреди

Стењско блато се наоѓа на надморска висина од 854 м.н.в. , јужно од селото Стење - Преспа и крајбрежјето на Преспанско Езеро. Блатото зафаќа површина од 17 ha.

Флора

уреди

Групации на трска од Phragmites australis се регистрирани во Стењско Блато, како и по должината на брегот на Преспанското Езеро и на потегот од Стење до Царина. Покрај нив се забележуваат и заедници на хидрофилна висока приземна вегетација.

Фауна

уреди

Блатото претставува природно живеалиште со висок диверзитет и бројност (абундантност) на ситни терестрични цицачи (хранителни ресурси за грабливите видови) и хранително (ловно) подрачје за лилјаците.

Видови

уреди

Инвертебратни видови

уреди

1.Од типот на Rotifera во Стењско блато се регистрирани 46 видови:

  • Anuraeopsis fissa,
  • Ascomorpha saltana,
  • Asplanchna priodontа,
  • Brachionus quadridentatus,
  • Cephalodella sp.,
  • Colurella obtuse,
  • Euchlanis dilatata,
  • Euchlanis incise,
  • Euchlanis pyriformis,
  • Filinia longiseta ,
  • Keratella cochlearis,
  • Keratella cochlearis var. tecta,
  • Keratella quadrata,
  • Lecane bulla,
  • Lecane constricta,
  • Lecane crenata,
  • Lecane curvicornis,
  • Lecane flexilis,
  • Lecane ludwigi f. laticaudata,
  • Lecane luna, Lecane lunaris,

*Lecane quadridentata,

  • Lepadella dactyliseta,
  • Lepadella ovalis,
  • Monommata longiseta,
  • Mytilina ventralis var. macracantha,
  • Notholca acuminate,
  • Pedalia reducens,
  • Platyas patulus,
  • Platyas polyacanthus,
  • Ploesoma truncatum,
  • Polyarthra vulgaris,
  • Rotatoria genera indet.,
  • Scaridium longicaudum,
  • Squatinella rostrum,
  • Synchaeta oblonga,
  • Synchaeta pectinata,
  • Testudinella patina,
  • Trichocerca birostris,
  • Trichocerca brachyuran,
  • Trichocerca elongate,
  • Тrichocerca longiseta,
  • Trichocerca rattus,
  • Trichocerca rosea Trichocerca tenuior,
  • Trichotria tetractis;

2.Од класата на Gastropoda (полжави) се регистрирани видовите:

  • Gyraulus crista,
  • Lymnaea palustris,
  • Lymnaea peregra,
  • Lymnaea stagnalis,
  • Planorbarius corneus,
  • Planorbis planorbis,
  • Segmentina complanatus,
  • Segmentina nitida,
  • Viviparus viviparous;
  • Arctodiaptomus kerkyrensis претставува вид кој припаѓа на копеподните ракчиња, групата на мали ракови (Copepoda).

3.Од вилинските кончиња (Odonata) кај блатото се евидентирани видовите:

  • Leucorrhinia pectoralis,
  • Enallagma cyathigerum,
  • Ischnura elegans,
  • Gomphus vulgatissimus,
  • Onychogomphus forcipatus,
  • Orthetrum cancellatum и
  • Sympetrum fonscolombei;

Вертебратни видови

уреди

1.Од видови на птици (Aves) во Стeњско блато се регистрирани следните видови :

  • Acrocephalus arundinaceus,
  • Acrocephalus melanopogon,
  • Acrocephalus schoenobaenus,
  • Acrocephalus scirpaceus,
  • Anas querquedula,
  • Ardea cinerea,
  • Casmerodius albus,
  • Egretta garzetta,
  • Fulica atra,
  • Hirundo rustica и
  • Tachybaptus ruficollis;

2.Класата на водоземци (Amphibia) е претставена со видовите:

3.Класата на рептили (Reptilia) е застапена преку:

4.Од класата на цицачи застапени се видовите:

Закани

уреди

Во минатото во Стењско Блато биле депонирани големи количини градежен шут и цврст комунален смет од село Стење со што еден дел од ова живеалиште било целосно изменето. Промените во водостојот на Преспанско Езеро, односно општите хидролошки услови во сливот на езерото имале значително влијание врз блатото. Во последните неколку децении било забележано постојано намалување на неговата површина. Со повлекување на водата, околните обработливи површини се прошириле на сметка на блатото. Долж брегот на Преспанското Езеро појасот на трска постојано се поместувал со повлекувањето на водата.

Мерки за заштита

уреди

Да се одржува мозаичноста на природното живеалиште, вклучително и отворена водна површина во самото блато.

Туризам-

уреди

Националниот парк Галичица кај Стењско блато има поставено куќа за набљудивање на птици. Куќата има можност за набљудување на четири лица истовремено.[1]

Наводи

уреди

[2]

Категории

уреди
  1. 1,0 1,1 „Prespanet“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2021-01-23. Посетено на 2022-01-28.
  2. План за управување со Национален парк Галичица за период од 2010-2020 . Книга 2, Охрид 2011 година.