Стефан Илиев Чопев ( 1925 во Оштава, Пиринска Македонија, БугаријаПиринска Македонија, Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Стефан Чопев
Роден 1925 година
Оштава, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Бил предан јатак на илегалната чета на Герасим Тодоров. За време на мачните и бескрајни испитувања во Горна Џумаја, тој направил обид за самоубиство, голтајќи отров завиткан во бавно разградлива хартија, која му била скриена под јаката на палтото. Тоа го забележал неговиот чувар, кој веднаш алармирал да се однесе во болница, каде лекарите успеале да го извадат отровот пред да се растопи самата хартија.[1]

Место да биде суден, Чопев бил испратен во концентрационен логор со принудна работа, на неопределен рок. Во логорите поминал две тешки години, од каде се здобил со тешка траума, поради која подоцна паѓал и во бесознание. Стефан важел за фанатичен приврзаник на македонската кауза.[1]

Поврзано

уреди

Илија Чопев

Георги Чопев

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 108–109.