Стефан Мешков
Стефан Мешков наречен Маврото[1], е македонски револуционер, ресенски војвода на ВМОРО.
Стефан Мешков | ||
Роден | 1884 Охрид, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 9 јули 1904 Горно Ѓуѓанци, Османлиско Царство |
Животопис
уредиМешков е роден во 1884 година во Охрид, во Османлиското Царство, денес Република Македонија. Бил војвода на чета од селото Евла, Ресенско, за време на Илинденското востание. По востанието, Мешков заминува за Кнежевство Бугарија. Во текот на месец јули таа година, се приклучил како четник кај Славејко Арсов.
Стефан Мешков загинал на 9 јули 1904 година во судир со турската војска во месноста Горно Ѓуѓанци, Кратовско.[2]