Стефанов Квинтет

галактичка група во соѕвездието Пегаз

Стефанов Квинтет (Стефанова Петорка) — визуелна група од пет галаксии од кои четири ја сочинуваат првата компактна галактичка група откриена од науката.[2] Видлива е во соѕвездието Пегаз и откриена во 1877 г. од Едуар Стефан во Марсејската опсерваторија.[3] Ова е најизучуванаа од сите компактни галактички групи.[2] Најсјајниот член на привидната група (и единстен вон вистинската група) е NGC 7320, кој има пространи H II-подрачја, наречен „црвена грутка“, каде е одвива активна ѕвездообразба.

Стефанов Квинтет
Од горе лево, па по часовникот: NGC 7320, NGC 7319, NGC 7318A, NGC 7318B и NGC 7317
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездијаПегас
Ректасцензија22ч 35м &1000000000000057500000057,5с[1]
Деклинација+33° 57′ &1000000000000003600000036″[1]
Најсјаен членNGC 7318B[1]
Бр. на галаксии5[1]
Други назнаки
HCG 92, Арп 319, VV 288,[1] SQ[2]

Четири од петте галаксии во Стефановиот Квинтет сочинуваат физичко здружение — вистинска галактичка група, наречена Хиксонова компактна група 92, и веројатно со време ќе се споајт во едно. Радионабљудувањата на почетокот на 1970-тите откриле нишка од излачувања сместена во меѓугалактичкиот простор меѓу галаксиите во гупата. Истат оваа област се забележува и во слабиот сјај од јонизирани атоми забележан во видливиот дел на спектарот како зелен лак.

Вселенските телескопи даваат нов увид во природата на нишката, која денес се смета за ударен бран во меѓугалактичкиот гас, предизвикана од упадот на една галаксија (NGC 7318B) во средуштето на групата со брзина од неколку милиони километри на час.

Стефановиот Квинтет е избран како еден од петте вселенски тела набљудувани од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ објавени во првите официјални слики на телескопот.[4]

Излачувања

уреди

Рендгенско зрачење

уреди
 
Стефановиот Квинтет. Синиот лак горе по средината е ударот предизвикан од судир на галактички гас

Кога NGC 7318B ќе се судри со гас во групата, меѓу галаксиите се шири огромен ударен бран поголем од Млечниот Пат, загревајќи го гасот на милиони степени. Тоаш тој оддава рендгенски зраци забележливи за рендгенската опсерваторија „Чандра“ на НАСА.[5][6][7]

Молекуларно водородно лачење

уреди

Вселенскиот телескоп „Спицер“ на НАСА, кој наоѓа присуство на инфрацрвено зрачење, открил многу моќен молекуларен водороден сигнал од ударниот бран меѓу галаксиите. Ова лачење е едно од најтурбулентните досега забележани образби на молекуларен водород, а најсилното зрачење доаѓа од средиштето на зелената област на видлива светлина спомената претходно. Оваа појава е откриена од меѓународна екипа предводена од научници од Калифорнискиот технолошки институт, со учество на научници од Австралија, Германија и Кина. Пронаоѓањето на молекуларен водород од судир во прво време било неочекувано бидејќи водородната молекула е многу нежен и лесно уништлив во ударни бранови како оние во Стефановиот Квинтет. Меѓутоа, едно објаснување е дека, додека ударната предница се движи низ облачна средина во средиштето на групата, пстои тубрулентен слој во кој настануваат милиони мали удари, дозволувајќи му на молекуларниот водород да опстане.

Црвено поместување

уреди

NGC 7320 покажува мало црвено поместување (790 км/с) додека пак другите четири имаат големи црвени поместувања (близу 6.600 км/с). Бидејќи галактичкото црвено поместување е правопропорционално на растојанието, NGC 7320 е само проекција на преден план[2] и оддалечена е ~39 милиони светлосни години[2] од Земјата. Ова ја прави можен член на групата NGC 7331, наспроти 210–340 милиони светлосни години за другите четири.[8]

NGC 7319 има Сејфертово јадро од типот 2.

 
Галаксиите во близина на Стефановиот Квинтет. Правоаголникот ја покажува областа опфатена од Хабловата слика од 1998–99 г.

Во Хиксоновото здружение веројатно влегува и шеста галаксија, наречена NGC 7320C: има црвено поместување слилно на Хиксоновите галаксии, а плимната опашка ја поврзува со NGC 7319.[9]

 
Детаљ од квинететот на слика од вселенскиот телескоп „Хабл“, 1998–99 г.

Инфрацрвено набљудување

уреди

Користејќи го Средноинфрацрвениот инструмент (MIRI), вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ покажува детаљи обвиени со прашина во видлива светлина, вклучувајќи големи ударни бранови и плимни опашки кај четри од петте галаксии, и претходно скриени области на вездообразба. Новите детаљи имаат улога во изучувањето на развојот на галаксиите.[10]

 
Четири галаксии (недостасува NGC 7317) од Стефановиот Квинтет снимени со MIRI на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

Членови

уреди
Членови на Хиксоновата компактна група 92
Име Тип[11] Рек. (J2000)[11] Дек. (J2000)[11] Црв. пом. (км/с)[11] Прив. вел.[11]
NGC 7317 E4 22ч 35м &1000000000000051900000051,9с +33° 56′ &1000000000000004200000042″ 6.599 ± 26 +14,6
NGC 7318A
(UGC 12099)
E2 pec 22ч 35м &1000000000000056700000056,7с +33° 57′ &1000000000000005600000056″ 6.630 ± 23 +14,3
NGC 7318B
(UGC 12100)
SB(s)bc pec 22ч 35м &1000000000000058400000058,4с +33° 57′ &1000000000000005700000057″ 5.774 ± 24 +13,9
NGC 7319 SB(s)bc pec 22ч 36м &1000000000000003500000003,5с +33° 58′ &1000000000000003300000033″ 6.747 ± 7 +14,1
NGC 7320C (R)SAB(s)0/a 22ч 36м &1000000000000020400000020,4с +33° 59′ &1000000000000000600000006″ 5.985 ± 9 +16,7

Во популарната култура

уреди

Ангелските фигури на почетокот на филмот „Животот е прекрасен“ (1946) се засновани на слики од Стефановиот Квинтет.[12][13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for HCG 92. Посетено на 18 септември 2006.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Moles, M.; Marquez, I.; Sulentic, J. W. (1998). „The observational status of Stephan's Quintet“. Astronomy and Astrophysics. 334: 473–481. arXiv:astro-ph/9802328. Bibcode:1998A&A...334..473M.
  3. Stephan, M. E. (1877). „Nebulæ (new) discovered and observed at the observatory of Marseille, 1876 and 1877, M. Stephan“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 37: 334–339. Bibcode:1877MNRAS..37..334S. doi:10.1093/mnras/37.6.334.
  4. Garner, Rob (8 јули 2022). „NASA Shares List of Cosmic Targets for Webb Telescope's 1st Images“. NASA. Посетено на 8 јули 2022.
  5. „Chandra :: Photo Album :: Stephan's Quintet :: 08 May 03“. chandra.harvard.edu. Посетено на 24 декември 2019.
  6. Than 2006-03-07T11:18:00Z, Ker. „What a Shock! Galaxies Caught Colliding“. Space.com (англиски). Посетено на 24 декември 2019.
  7. „Gigantic cosmic cataclysm in Stephan's Quintet of galaxies“. phys.org (англиски). Посетено на 24 декември 2019.
  8. „Stephan's Quintet“. pages.astronomy.ua.edu. Посетено на 24 декември 2019.
  9. „National Optical Astronomy Observatory: Stephan's Quintet“. www.noao.edu. Архивирано од изворникот на 2019-12-24. Посетено на 24 декември 2019.
  10. „Stephan's Quintet (MIRI Image)“. James Webb Space Telescope. 12 јули 2022. Посетено на 12 јули 2022.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for various galaxies. Посетено на 20 октомври 2006.
  12. „Stephan's Quintet“. ESA/Hubble Space Telescope (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-09. Посетено на 22 декември 2019.
  13. Rice, Tony (22 декември 2019). „Classic film 'It's a Wonderful Life' features angelic galaxies :“. WRAL (англиски). Посетено на 24 декември 2019.

Надворешни врски

уреди


Координати:   &1000000000000002200000022ч &1000000000000003500000035м &1000000000000057500000057,5с, +&1000000000000003300000033° &1000000000000005700000057′ &1000000000000003600000036″