Робертов Квартет
Робертов Квартет (Робертова Четворка) — компактна галактичка група оддалечена на околу 160 милиони светлосни години и сместена во соѕвездието Феникс. Претставува семејство од четири мошне различни галаксии чија меѓусебна близина е одговорна за настанокот на 200 ѕвездородни области и имаат развлечен млаз од гас и прав долг 100.000 светлосни години.[1] Нејзините членови се NGC 87, NGC 88, NGC 89 и NGC 92, откриени од Џон Хершел на 30 септември 1834 г.[2]
Робертов Квартет | |
---|---|
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездија | Феникс |
Ректасцензија | 0ч 21м | 23,075с
Деклинација | −48° 37.75′ | 39,5″
Најсјаен член | NGC 92 |
Бр. на галаксии | 4 |
Други назнаки | |
AM 0018-485 |
Квартетот е еден од најдобрите примери за компактни галактички групи.[1] Бидејќи таквите групи содржат по четири до осум галаксии на мошме мало подрачје, тие се многу згодни за проучувањето на галактичките заемодејства и нивните ефекти, а особено настанокот на ѕвездите.[3] Робертовиот Квартет има вкупна привидна величина од речиси 13.[3] Најсјаен член на групата е NGC 92, со сина величина од 13,8.[4] На небото, четирите галаксии се во попупречнички круг од 1,6 лачни минути, што одговара на 75.000 светлосни години.[3] Групата е именувана од астрономите Халтон Арп и Бери Мадор[3] во чест на Роберт Фридман, кој пресметал голем дел од поправените положби на галаксиите во нивниот „Каталог на јужни необични галаксии и здруженија“ од 1987 г.[3]
Членови
уредиName | Тип | Растојание од Сонцето (милиони сг) |
Величина |
---|---|---|---|
NGC 87 | IBm pec. | ~160 | +14,50 |
NGC 88 | SB(rs)a pec. | ~160 | +15,21 |
NGC 89 | SB0(s)a pec. | ~160 | +14,57 |
NGC 92 | SAa pec. | ~160 | +14,29 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Darling, David. „Robert's Quartet“. David Darling. Посетено на 21 јануари 2019.
- ↑ Herschel, John Frederick William (1847). Results of astronomical observations made during the years 1834, 5, 6, 7, 8, at the Cape of Good Hope: being the completion of a telescopic survey of the whole surface of the visible heavens, commenced in 1825. 1. London, United Kingdom: Smith, Elder and Co. стр. 51. Bibcode:1847raom.book.....H.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Cosmic Portrait of a Perturbed Family“. European Southern Observatory. Посетено на 21 јануари 2019.
- ↑ „NGC 92“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Космички портрет на едно пертурбирано семејство — ESO (англиски)
- Што содржи едно име? (англиски)
- Робертов Квартет на WikiSky: DSS2, SDSS, GALEX, IRAS, Водород α, Рендгенски, Астрофото, Ѕвездена карта, Статии и слики
Координати: 00ч 21м 23,075с, − 48° 37,75′ 39,5″