Стар Свет

збирен поим за Европа, Африка и Азија
(Пренасочено од Стар свет)

Стар Свет — поим што се однесува на светот како што бил познат во антиката и средниот век. Се користи во контекст на и наспроти „Новиот Свет“ (т.е. Америка).

Карта на „Стариот Свет“ (Птоломеј, копија од XV век)

Во Стариот Свет спаѓаат Африка, Азија и Европа (збирно наречени Афроевроазија) и околните острови (или барем оние краишта за кои се знаело пред XV век).

Поимувањето за светот како целина од три континенти датира од антиката. Птоломеј и другите антички географи ги исцртувале границите на светот долж реките Нил и Дон. Ова гледиште предоминирало и во текот на средниот век и раниот нов век.

Поврзано

уреди