Старотуркиски јазик

(Пренасочено од Старотурски јазик)


Старотуркиски јазик, орхонски туркиски или староујгурски јазик — најстариот документиран туркиски јазик, пронајден на натписи од Ујгурите во периодот од 7 до 13 век. Не можеме да кажеме дека директно ујгурскиот јазик потекнува од овој јазик, но има доста елементи што укажуваат на таа теорија.

Старотуркиски јазик
Зборуван во: Средна Азија 
Регион: Средна Азија
Исчезнување: 13 век, се развил во ујгурски јазик
Јазично семејство: алтајски
 Туркиски јазици
  Старотуркиски јазик 
Писмо: Арапска азбука, Арамејска азбука, Брахамска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2:
ISO 639-3: id=otk otk

Фонологија

уреди

Стариот туркиски јазик има 9 самогласки a, e, ė, i, ï, o, ö, u, ü. Согласките се делат на звучни и безвучни и тие се следниве:

лабијални: p, v (β), m;
дентални: t, d (δ), n;
непчани: č, y, ń;
меконепчани: k (q, χ), g (γ), ŋ;
сибилантни: s, š, z;
ликвидни: r, l.