Староградски плоштад (Прага)

плоштад во Прага

Староградски плоштад (чешки: Staroměstské náměstí) — историски плоштад во Стариот град на Прага, Чешка. Сместен е помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост.

Староградскиот плоштад од кулата на Староградскиот дом.
Споменикот на Јан Хус
Црквата „Св. Никола“

Градби

уреди

На плоштадот се застапени разни архитектонски стилови.

Споменици

уреди

Староградскиот плоштад има значаен споменик на верскиот реформатор Јан Хус, спален на клада за кривоверство во Констанц. Ова било повод за Хуситските војни (1419-1434). Статуата е подигната во 1915 г. по повод 500 години од неговата смрт.

Пред Староградскиот дом е сместен и паметникот на мачениците (како Јан Јесенски и Максимилијан Хоштјалек) погубени со обезглавување од Хабсбурговците по Битката на Бела Гора (1620). Во 1911 г. е поставена спомен-плоча со нивните имиња, а по Втората светска војна на плочникот се обележани 27 крста, на самото место на нивното погубување[1].

На плоштадот стоел Богородичниот столб, непосредно веднаш по Триесетгодишната војна (1618-1648), но бил срушен во Сè до 1918 г. чест на новостекнатата независност од Австроунгарија и основањето на Чехословачка.[2]

Староградскиот плоштад

Пазари

уреди
 
Божиќен пазар на плоштадот

За Божиќ и Велигден, на плоштадот се одржуваат пазнични пазари, се става голема елка и бина со музичка програма.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-06-12. Посетено на 2017-10-01.
  2. Cynthia Paces, "The Fall and Rise of Prague's Marian Column," Radical History Review 79 (2001) 141-155

Надворешни врски

уреди

50°05′15″N 14°25′17″E / 50.0875° СГШ; 14.4214° ИГД / 50.0875; 14.4214