Стара Црква (Владиловци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Стара Црква

Карта

Местоположба 41°31′05″N 21°44′25″E / 41.51806° СГШ; 21.74028° ИГД / 41.51806; 21.74028
Основни податоци
Место Владиловци
Општина Чашка
Тип

 населба  некропола  црква

Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Стара Цркванаселба и некропола од доцноантичко време и средновековна црква со некропола. На 500 метри западно од селото Владиловци, од левата страна на патот што води кон селото, на површина од 0,7 хектара, при обработувањето на земјата се пронајдени ѕидови на повеќе објекти, а по површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и камени блокови. Видливи се и гробови со конструкција од камени плочи и тегули. Според преданието на мештаните, овде имало црква.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069