Срѓан Ваљаревиќ
Срѓан Ваљаревиќ (српски: Срђан Ваљаревић; Белград, 1967) — српски писател.
Животопис
уредиСрѓан Ваљаревиќ е роден во 1967 година во Белград.
Творештво
уредиВаљаревиќ пишува проза и поезија. Книгите му се преведени на повеќе јазици, како: англиски, шпански, германски, француски, италијански, шведски, украински, бугарски, албански, македонски, словенечки и кинески. Тој е член на Српското книжевно друштво.[1]
Според „Феномени“, во своите минималистички, а истовремено лирски, прози, Ваљаревиќ е немилосрден кон себеси, а добронамерен кон другите луѓе и кон светот. Неговите книги се автентично писмо кое се движи на границата меѓу дневничкото и автофикционалното, во стилот на „cinéma vérité“, напишани со расчленети реченици при што со навидум едноставното документирање на обичноста се соѕдава моќна литература.[2]
Библиографија
уредиВаљаревиќ е автор на следниве дела:[1]
- „Лист на корка леб“ (роман, 1990)
- „Луѓето на масата“ (роман, 1994)
- „Зимски дневник“ (прозен запис, 1995)
- „Џо Фрејзер и 49 (+24) песни“ (стихозбирка, 1996)
- „Дневник на втората зима“ (роман, 2005)
- „Комо“ (роман, 2006)
Награди и признанија
уредиЗа своите дела Ваљаревиќ е добитник на неколку награди:[1]
- „Биљана Јовановиќ“ за „Дневник на втората зима“
- „Стеван Сремац“ за „Комо“
- „Kulturkontakt Austria“ за „Комо“
- „Gorki list Award“ за „Комо“
- „Prix des lecteurs du Var-Toulon“ за „Комо“