Српски тробоен ’рт
Српски тробоен ’рт или српски тробоен загар — пасмина ловечки кучиња, по потекло од Србија, што му припаѓа на семејството загари.[1]
Потекло | Србија | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Потекло
уредиПотеклото на српскиот тробоен ’рт е слично на другите загари на Балканот. Во текот на 1946 година се расправало дали се работи за самостојна пасмина или е само вариетет на српскиот ’рт. Било заклучено дека се работи за независна пасмина и бил направен првиот стандард. На меѓународната изложба на кучиња во Белград на 7 и 8 јуни 1950 година овие кучиња биле официјално прикажани, а Меѓународниот кинолошки сојуз на 25 јули 1961 година официјално ја признал пасмината и го објавил стандардот.[1]
Особености на пасмината
уредиИзглед
уредиСрпскиот тробоен ’рт, цврсто, флексибилно тело во правоаголен облик, делува сигурно и пргаво. На главата, со малку нагласена стапка, е аглеста муцка. Ушите, поставени прилично ниско, со заоблени врвови, висат без набори. Опашката, која има облик на сабја во долната половина, се спушта до глуждот. Крзното, бушаво, малку грубо и сосем рамно, е поставено со изобилно подвлакно. Бојата на крзното е црна, со кафеави ознаки кај планинската сорта, тробојна кај истоимената сорта, односно жолтокафеава со бело на главата, градите и нозете, со црно крзно. Просечната висина на мажјакот е од 45 до 50 сантиметри, а женката е нешто пониска од мажјакот. Просечната тежина на мажјакот е од 20 до 25 килограми, додека женката е малку полесна од мажјакот.[2]
Темперамент
уредиЖиво и темпераментно куче. Посветен му е на својот сопственик и многу доверлив. Многу е издржлив, паметен, има добро развиено сетило за мирис и е одличен загар.[3]
Животен век
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Српски тробојни гонич Архивирано на 6 февруари 2017 г., Кинолошки савез Републике Србије
- ↑ 2,0 2,1 Српски тробојни гонич Архивирано на 22 јуни 2016 г., zivotinje.rs
- ↑ 3,0 3,1 Српски тробојни гонич, mezimci.rs